Каква врска има проаѓањето на технички?
Ќе те вратат или ќе те опоменат. Нив не им е проблем тоа. Се што треба да речат е дека кога дојде на технички колата му беше исправна, потоа додавал фолии. Или ги извадил претходните, и додал потемни. Тоа не е нивен проблем. За 30ки нема ни да приметат веројатно.
Во Гостивар оди и ќе те пуштат... Мисла ако е пуштањето проблем.
Без разлика на горново, засилена им е контролата на џандарите на улица и 30ки нема да забележи некој освен ако не е тежок тупаџија. Зошто си се гледа во колата се и си е скоро фабричко. Затоа и се убави 30ки фолии. Од друга страна и 50ки се трпат некако за напред. Ама се приметливи и голема е веројатноста ако ти се погоди џандар со непополнета квота да те гњави со казни или технички или вадење.
Со 70-80-90 од Марс се гледа дека се затемнети апла и секој џандар ќе умара, а и техничкиве треба да им се пофалиш дека си дел од униформираните припадници на министерството за да те пуштат. И пак ќе те пуштат... Не дека не. 50/50 шанса. Ама техничкиот не е проблемот, како што ти постојано си повторуваш. Колата може да пројде на технички и ти утре да скршиш шофершајбна, или да додадеш фолии или да смениш бандажи или да ти украдат фарови. Ќе те гњави џандар. И? Ти со истиов муабет ќе му се правдаш дека "на технички прошла" пред 2 недели? Ако сака да те умара ќе ти пише казна и ќе те прати на технички, па ти правдај се на суд. Бидејќи таму се прави правдањето - не на џандарот. Тој не му е работа со тебе да се расправа. Туку да си следи правилник и да спроведува закон. И тоа го прави. Он си е чист. Се сомневал, те пратил на вонреден технички. Чао џаци.
Незнам што е со таа фасцинација дека си "прошол" или не на технички. Законот е јасен. Законот е наместа доумерено глупав. Да, треба да е дозволено 60% затемнување напред, сепак сме медитеранска земја со 300 сончеви денови. Ама не е така. 30% е дозволено нажалост. Да повеќето имаат фолии кој 30ки кој 50ки за да им е поудобно возењето, ама според закон не смее. Тоа е тоа.
Дека смее, не смее. Дека е логично да имаш 30ки фолии напред во МК, логично е. Дека имаат многу коли фолии напред имаат. Ама дека си во право ако имаш фолии, не си. Тоа е реалноста. Законот е тој. Не е соодветен на условите на патот, исто како и знаците за брзина од 80кмч на Тетово Гостивар. Дека сите возат 110кмч, возат. Дека е логично да возат 110кмч - логично е. Ама дека смее - не смее. Вон секој памет е да возиш 80кмч таму, ама ете законот "вика" дека треба 80кмч. Иако тоа е фиктивна бројка, иако тоа е крајно погрешно да се вози 80кмл дење, на сув асфалт и видливост 4км, законот е тој. Треба 80кмч. Ни едно возило не вози во тој момент 80кмч!!! Ни едно! Единствено! Не постои такво. Ама ако, според закон треба 80кмч. Тоа е законот. Крајно погрешен во случајот, но е таков каков што е. Крајно погрешен, без ниаков допир со реалноста и условите на патот. А за фолииве случајот е уште попрост зошто не е дека сите возила го кршат законот како во случајот со брзината, туку околу 20-30%.