На темава, ќе постирам слики од моето возило. Соодветно го затемнив целото и ставив дискретна лента на шофершајбна. Потоа направив и атест, па да споделам искусво.
Постапката за правење атест и впишување на атестот во сообраќајна е малку по комплицирана од вградување на ладилник (фрижидер) во авион на млазен погон во кабината за патници:
1) Затемнуваш стакла и ти даваат упат за на технички
2) Одиш на технички на шалтер, ти даваат листа и упат за преглед кај техничарите. Плаќаш 150 денари
3) Техничарите ти пишуваат нешто во листата и те праќаат во МВР(кај МРТВ, влез со поглед на Вардар) во делот за возила и сообраќајни
4) На шалтер бр. 4 предваш документација, ти пополнуваат некои ливчиња, плаќаш 120 денари и ти даваат уплатница.
5) Идеш во пошта со уплатницата и уплаќаш (уште) 120 денари
6) Се враќаш во МВР на шалтер бр. 1(дремеш 2 саати, пауза - мауза, фиљан луѓе со врски преку ред и слично), ги предаваш документите и ти даваат некои нови лифчиња.
7) Се јавуваш на Машински да закажеш. Откако ќе добиеш термин идеш таму, три пати мерат еднаш сечат. Ти даваат уплатница со сума од 1420 денари и ти бараат копија од сообраќајна
Се враќаш на Машниски со упалта и копија од сообраќајна, ги предаваш и ти даваат лифче на кое ти пишува кога да дојдеш да си го подигнеш атестот
9) Доаѓаш да го подигнеш атестот во определениот термин, ти даваат едно плико и те праќаат на шалтер од МВР на технички
10) Одиш на технички на шалтер на МВР ги предаваш сите документи. Ти пишуваат нова сообраќајна. Плаќаш 520 денари за услугата од техничкиот(печатење на нова сообраќајна со впишан текст за атест на затемнети стакла).
Вкупно: 150 + 120 + 135 + 1470 + 520 = 2395 денари.
Време потребно за постапката: 3 дена по 4 саати или еден ден - 6 саати со врски и пријатели.
Поминати километри за трчање по институции: 70km~9 литри гориво или 700 денари во мојот случај.