Сакам на почеток на пролетва да монтирам клима фолии на најновиот модел на Kia Sportage. Е сега, тој доаѓа со фабрички затемнети задни стакла кои во сообраќајната се заведени со ознака V.
Ајдеее... сеа внесуваат во сообраќајна?
Имав пишано текст тука пред некоја година како никој не знаеше дали треба или не да се внесува во сообраќајна на технички и во полиција.
Кај мене имам V на прозорите.
Од технички ми рекоа дека немам проблем со нив, си го знаат тоа, ама полицијата (тогаш) не беше обучена како да препознаваат фабрички затемнети стакла.
Проблемот е што имаме атест на фолии, а не на стакла.