Автор Тема: Ford Fiesta 1.5 TDCi  (Прочитано 28558 пати)

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Ford Fiesta 1.5 TDCi
« Одговори #90 на: 30 Јули 2018, 18:45:22 pm »
На 50.050km направен редовен сервис, овојпат во сопствена режија.

Променето масло Motul eco clean 0w-30, филтер за масло, филтер за клима и филтер за воздух.

Колата за тоа што е наменета си ја врши одлично работата, доста е удобна (за тие напред ;D), има убаво држење на патот и директно управување, ниска потрошувачка на гориво итн.

На почеток на годинава колата доби Osram Nightbreaker Laser од кој сум задоволен каква светлина даваат, имаат некоја нијанса која оди накај жолто меѓутоа не ми смета, можеби нареден пат би одел на некој Philips со цел да добијам побела светлина.

Планови за во иднина:
- Центрирање
- Полирање и хемиско
- Бандажи 16ки
- Спирали

Некои проблеми кои се јавија во текот на овие 5 години:

- Од куќиштето на термостатот почна да капе антифриз, и истото беше променето под гаранција.

- Осовината од летвата почна по малку да тропка, но тропкањето по кратко време стана се поизразено. Однесена беше колата во Ми-да на проверка и истата таа осовина беше сменета под гаранција.

- Левото лед дневното светло почна да откажува само при давање на жмигавец. По проверката во Ми-да беше контантирано дека не е до самата лед лента туку до електрониката што ја контролира истата. При уклучување на жмигавецот, интензитетот на јачината на лед светлото се намалува, и истата се зголемува по гасењето на жмигавецот. Таа електроника која се наоѓа во фарот неможе да се поправи, и мора да се стави нов фар, кој истиот кошта 27.000 денари и не е покриен со гаранција. Овој проблем го решив делумно, така што сега лед светлата не ја намалуваат јачината при давање на жмигавец, туку остануваат да светат со иста јачина.

Некои слики:












 

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Ford Fiesta 1.5 TDCi
« Одговори #91 на: 30 Јули 2018, 18:54:36 pm »
Сон.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Ford Fiesta 1.5 TDCi
« Одговори #92 на: 30 Јули 2018, 20:50:01 pm »
Наајс  :)

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Ford Fiesta 1.5 TDCi
« Одговори #93 на: 30 Јули 2018, 22:06:05 pm »
Mene me interesira dali ovaa fiesta ima razlika vo odenje za razlika od istata so 1.4 tdci motor

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Ford Fiesta 1.5 TDCi
« Одговори #94 на: 30 Јули 2018, 22:17:27 pm »
Искрено да ти кажам, немам возено 1.4 TDCi. Оваа (мислам) има поголем од на клипот и плус интеркулер. Другото горе доле е исто.

Sent from my MI 6 using Tapatalk


Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Ford Fiesta 1.5 TDCi
« Одговори #95 на: 31 Јули 2018, 00:47:42 am »
Браво колега, алал ти вера како си ја чуваш колата. Стакло.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Ford Fiesta 1.5 TDCi
« Одговори #96 на: 31 Јули 2018, 08:17:09 am »
Фала Диме, се трудам да биде во што подобра состојба. Далеку е од стакло ама ќе cе среди и тоа :D

Sent from my MI 6 using Tapatalk


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Ford Fiesta 1.5 TDCi
« Одговори #97 на: 31 Јули 2018, 08:49:47 am »
Леле колку не е исто 1.4 тдци, и 1.5 тдци тоа неможе да има поголема разлика. Ги имам двата, сум ги возел двата. Ден и ноќ е разликата. Уствари 20 години понов мотор си го прави своето.

Присутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Ford Fiesta 1.5 TDCi
« Одговори #98 на: 31 Јули 2018, 08:58:37 am »
На работа ги имаме со двата типа на мотори, и 1,5 е многу попитом за возењен нема толку голема дупка како 1,4 и помазно вози и повлекува, и делува како поугушен од 1,4.
1,4 поради големата дупка делува дека е пожив и подобро повлекува ама понапорен е за возење и незнам дали имаат ист менувач или не, ама 1,4 има многу чуден мењач. (ова можеби е субјективно ама и на двете 1,4 Фиести кој ги возам им е ист мењачот, кај 1,5 е каде каде подобар и помазен)

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Ford Fiesta 1.5 TDCi
« Одговори #99 на: 31 Јули 2018, 09:47:15 am »
Има мала разлика во менувачот:

1.5 TDCI Gear ratios (overall):
   

I - 3.583 (12.07)

II - 1.926 (6.49)

III - 1.206 (4.06)

IV - 0.878 (2.96)

V - 0.689 (2.32)




1.4 TDCI Gear ratios (overall):   

I - 3.583 (12.07)

II - 1.926 (6.49)

III - 1.281 (4.32)

IV - 0.951 (3.2)

V - 0.756 (2.55)

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Ford Fiesta 1.5 TDCi
« Одговори #100 на: 04 Ноември 2018, 18:50:27 pm »
Минатата недела колава беше на полирање кај @dame

Исполирана е цела кола и е нанесена керамичка заштита carpro, исполирани се фаровите и штоповите и нанесена е нано заштита на страничните стакла и задното стакло.

Презадоволен сум од сработеното и постигнатиот резултат, огромна препорака од мене за Даме.

Во прилог неколку слики иако неможе целосно да се долови постигнатото.












Отсутен Borce-Fiat

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 920
  • Virus-Alfa
Одг: Ford Fiesta 1.5 TDCi
« Одговори #101 на: 04 Ноември 2018, 19:11:47 pm »
Супер, преубава е :)
LA MACCHINA DELLA EMOZIONI

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Ford Fiesta 1.5 TDCi
« Одговори #102 на: 04 Ноември 2018, 20:10:10 pm »
Супер, преубава е :)
Фала Борче :)

Sent from my MI 6 using Tapatalk


Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Ford Fiesta 1.5 TDCi
« Одговори #103 на: 04 Ноември 2018, 20:14:10 pm »
Маестро Даме!
Фиестава може у салон да оди комотно.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Ford Fiesta 1.5 TDCi
« Одговори #104 на: 04 Ноември 2018, 20:17:09 pm »
Фантастично возило и фанстастично изработено од @dame .

Браво!