Автор Тема: Chiptuning  (Прочитано 194387 пати)

Отсутен Автотек Електроник

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 107
  • http://allcartuning.com/en.html
Chiptuning
« на: 23 Јули 2013, 01:26:22 am »
Mercedes Benz Actros 1844 BlueTec5 435hp 2100nm @ 495hp 2400nm


Автотек Електроник - ECO Tuning

Во денешните услови за работа на современите фирми, цените на горивото значително влијаат на вкупните трошоци при работата. Без обзир дали се работи за голема компанија или мала фирма и без обзир колкав возен парк поседуваат, секој па и најмалиот процент на заштеда во горивото придонесуваат за по успешно стопанисување. Автотек Електроник со цел да ја зголемите ефикасноста во работењето и намалите трошоците, може да Ви ги понуди услугите на ECO Tuning.
Со оптимизација на работата на моторот на Вашите возила, воедно ќе ја намалите потрошувачката на гориво, но и зголемите перформансите на Вашиот возен парк, без обзир дали се работи за патнички, леки доставни или тешки теретни возила. Со тоа ќе заштедите пари, но ќе го продолжите и работниот век на возилата кои своите најдобри перформанси ќе ги даваат на значително пониски вртежи на моторот, со што ќе се избегнат режимите на работа кога моторот троши највеќе енергенти.
Како функционира ECO Tuning? Со ремап на електронската единица на возилото, Автотек Електроник ја оптимизира работата на моторот и на најдобар можен начин ги користи скриените резерви кои ги остава секој производител. Со зголемување на вредностите на вртежниот момент и достапноста на истите многу порано, со дозираното зголемување на моќноста се добива рецептот на успехот за Вашата заштеда.
Секако сега следи прашањето зошто фабриката не го сторила ова? Одговорот е повеќе или помалку едноставен! Масовното производство и глобалниот пазар изискуваат од производителот да ги прилагоди условите на експлоатација и за просторот во Јужна Америка и за Сибир. Втора причина е што производителот со тоа што не го искористува полниот потенцијал на моторот сам на себе си остава можност да во иднина само софтверски ја освежи гамата на мотори, претставувајќи ја како и нова и редизајнирана. Вакви примери има безброј.
Зборувајќи за процентите на заштеда, истите во просек се движат околу 15%, во зависност од тоа каде возилото примарно се движи, дали се во прашање авто патишта или локална тргни-застани испорака. Друг клучен фактор е човекот, возачот, кој мора да знае и да сака да ја искористи дадената можност. Простата математика во секој случај ни говори да инвестирањето во ECO Tuning веќе се исплатува во интервалот од 15000 - 20000 км. Во превод, веќе во втората половина од годината едно Ваше просечно службено возило започнува да штеди.
Наместо парите да ги давате на гориво, можете да ги искористите во развој на Вашиот сопствен бизнис кој утре ќе Ви донесе додатна заработка.



https://www.facebook.com/avtotek.elektronik
« Последно менување: 04 Мај 2015, 17:34:37 pm Автотек Електроник »

Отсутен Автотек Електроник

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 107
  • http://allcartuning.com/en.html
Одг: Chiptuning
« Одговори #1 на: 23 Јули 2013, 01:51:25 am »
DSG Tuning

Освен ремап на последната генерација од VAG, Автотек Електроник работи и модификации на софтверот од последната генерација на DSG менувачите. Со тоа се зголемува осетливоста на менувачот и се добива подобар одзив на истиот при притискање на педалата за гас. По барање на клиентот може да се зголеми и распонот на бројот на вртежи помеѓу брзините.


« Последно менување: 04 Мај 2015, 17:35:24 pm Автотек Електроник »

Отсутен Автотек Електроник

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 107
  • http://allcartuning.com/en.html
Одг: Chiptuning
« Одговори #2 на: 23 Јули 2013, 02:25:32 am »
Volkswagen Caddy 1.6TDI 75hp 225nm @ 139hp 317nm










Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
Одг: Chiptuning
« Одговори #3 на: 23 Јули 2013, 02:34:02 am »
Како се движат цените за чипување на камиони ? 15-20.000 км се 3 месеца преку сила... според вас после тоа треба да се исплати :)

Отсутен Автотек Електроник

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 107
  • http://allcartuning.com/en.html
Одг: Chiptuning
« Одговори #4 на: 23 Јули 2013, 02:47:50 am »
За цените најдобро е да се информирате лично во нашиот сервис Автотек Електроник, Л.Геров бб



или на 070/313-999, Горан .
« Последно менување: 12 Октомври 2013, 15:49:52 pm Автотек Електроник »

Отсутен Автотек Електроник

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 107
  • http://allcartuning.com/en.html
Одг: Chiptuning
« Одговори #5 на: 23 Јули 2013, 16:11:29 pm »
Заради огромната заинтересираност и довербата на нашите клиенти во веќе претходно докажаната работа, на нивно лично инсистирање Автотек Електроник започна со chiptuning-от, иако DYNO-то сеуште не е инсталирано.
Веќе се обработени неколку возила и корисниците се исклучително задоволни. Заради сериозност во работата, слики или било какви конкретни информации нема да објавиме, бидејќи немаме графици од DYNO мерења. По инсталацијата на динамометарот, клиентите секако ќе имаат задоволство први да го испробаат – гратис, секако.
Се работи за патнички леки, но и тешки теретни возила. Доколку некој од сопствениците по негова желба сака јавно да го изрази задоволството, одлуката останува на него (клиентот со Citroen C4-ката на пример :) ).
Од сите би сакале да ја издвоиме Audi Q7 која веќе била ремапирана кај некој од локалните тјунери, но корисникот не задоволен од работата, довербата ни ја укажа нам што воедно ни беше предизвик да се истакнеме и покажеме што знаеме, колку можеме и што е тоа што не раликува од другите. Импресиите ќе ги објавиме исклучиво со дозвола на клиентот, како и евентуални слики од возилото, секако без ознаки на истото заради чување на деловната тајна и не компромитирање на останатите тјунерски куќи.
« Последно менување: 04 Мај 2015, 17:36:04 pm Автотек Електроник »

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
Одг: Chiptuning
« Одговори #6 на: 23 Јули 2013, 19:17:14 pm »
Мајсторе, може ли имињата на фирмите чии што товарни возила сте ги чипувале ? Во ПП, секако ако не е проблем. Ме интересира нивното мислење, да пренесам кај што треба :)

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Chiptuning
« Одговори #7 на: 23 Јули 2013, 23:36:32 pm »
Спомнавте дека има тјунинг на DSG менувачите. Дали постои истото и за 7G tronic манувачите на mercedes?

Отсутен Автотек Електроник

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 107
  • http://allcartuning.com/en.html
Одг: Chiptuning
« Одговори #8 на: 24 Јули 2013, 00:26:34 am »
Мајсторе, може ли имињата на фирмите чии што товарни возила сте ги чипувале ? Во ПП, секако ако не е проблем. Ме интересира нивното мислење, да пренесам кај што треба :)

За жал вакви информации без согласност на клиентот не смееме да даваме.

Спомнавте дека има тјунинг на DSG менувачите. Дали постои истото и за 7G tronic манувачите на mercedes?

За подетални информации, јавете се на погоре наведениот телефон, Горан ќе го барате. Ви благодариме.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Chiptuning
« Одговори #9 на: 24 Јули 2013, 00:27:26 am »
Мајсторе, може ли имињата на фирмите чии што товарни возила сте ги чипувале ? Во ПП, секако ако не е проблем. Ме интересира нивното мислење, да пренесам кај што треба :)

За жал вакви информации без согласност на клиентот не смееме да даваме.

Многу јасно. Ценам обрнување внимание на детали.

Отсутен Автотек Електроник

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 107
  • http://allcartuning.com/en.html
Одг: Chiptuning
« Одговори #10 на: 25 Јули 2013, 01:30:44 am »
VW Crafter 2.5TDI 109hp 280Nm (измерени 93hp 238Nm) @ 125hp 304Nm

По барање на корисникот, заради калибрација на дигиталниот тахограф, извршено е лимитирање на крајната брзина на 100 км/ч.











« Последно менување: 04 Мај 2015, 17:37:05 pm Автотек Електроник »

Отсутен Автотек Електроник

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 107
  • http://allcartuning.com/en.html
Одг: Chiptuning
« Одговори #11 на: 25 Јули 2013, 23:50:56 pm »
OPEL ASTRA 1.6 ECOTEC 115hp 155Nm @ 124hp 165Nm

OPEL ASTRA 1.6 ECOTEC 115hp 155Nm (измерени 113hp 146Hp) @ 124hp 165Nm











« Последно менување: 04 Мај 2015, 17:37:19 pm Автотек Електроник »

Отсутен aleksandarbt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 801
  • Opel zafira 2.0 125 kw
Одг: Chiptuning
« Одговори #12 на: 28 Јули 2013, 10:01:18 am »
  Moj predlog e posle rezultatot koj se postignuva od tuniranjeto da gi napisete vkupnite trosoci za istoto.
Mene mi kazavte za motor 1.8 kolku se dobiva otprilika no cena ne.Na sajtot ne gi pisuva cenite na site modeli.

Отсутен Автотек Електроник

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 107
  • http://allcartuning.com/en.html
Одг: Chiptuning
« Одговори #13 на: 28 Јули 2013, 17:41:12 pm »
Не работиме шаблонски тјунинг или сл. да би можеле да кажеме стриктна цена. Секое возило за себе си е индивидуално и приказна сама за себе и по себе. Ориентациона цена може да се добие, секако, но најпрвин пожелно да се види и прегледа возилото. За сите информации Ве молиме јавете се на 070/341-163, контакт лице Горан и се ќе Ви биде објаснето. Веќе објаснивме дека професионално се бавиме со оваа работа, не користиме копирани мапи И НЕ ГИ ОБРАБОТУВАМЕ НИЕ МАПИТЕ. За тоа постојат докажани светски реномирани тјунинг куќи кои што стојат веќе со години позади нас, така да тјунингот на едно возило може некогаш да трае и повеќе часови, па и денови, се додека не се увериме и самите дека се е во најдобар ред  и тогаш да Ви го предадеме возилото. Се работи за големи материјални добра и не сакаме ни да помислиме да ризикуваме во ниеден момент, напротив, нашата крајна цел е задоволен корисник кој ќе ни биде воедно и нашата реклама. Претставете се само дека сте од carclub, за да добиете поголеми привилегии од останатите. Побарувачката е огромна, искрено не го очекувавме ова толку брзо. Во интерес на што повеќе задоволни клиенти припремаме и потполно нов објект во нашиот комплекс, исклучиво наменет за DYNO мерења, chiptuning и сл. Ви благодариме на трпението и разбирањето!

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Chiptuning
« Одговори #14 на: 28 Јули 2013, 17:47:28 pm »
Браво, апсолутно професионално! Само напред, ја имате нашата подршка...