Огромното искуство во тјунингот од преку 15 години сепак си го прави своето. Резултатите се очигледни, а бројот на задоволни корисници се поголем.
Ќе се повториме, заради нестрпливоста на нашите клиенти и нивните притисоци, желни за излез од секојдневното, вообичаеното, просечното, желбата за натпревар и престиж, со намера да им удоволиме на сите, бидејќи нашите задоволни клиенти се всушност нашата најголема реклама, продолжуваме со тјунирањето!
Повелете јавете се на нашиот телефонски број за да закажете термин, контакт лице Горан.
DYNO мерењата за овие клиенти ќе бидат бесплатни по инсталирањето на истото. За да се уверат во веродостојноста, нивниот оригинален фабрички фајл кој грижливо го чуваме во нашата база на податоци ќе го „вратиме“ повторно во возилото, се прават мерења, а потоа се враќа новиот ремапиран фајл и пак се вршат мерења на DYNO-то. Доколку е потребна евентуална корекција, истата ќе биде извршена во моментот, секако бесплатно.
Бидете меѓу првите кои ќе ја имаат честа да ја почувствуваат моќноста на нашите ремек дела. Бидете чекор пред другите, зашто ќе ја имате целосната подршка на
Автотек Електроник - за подобар живот на Вашето возило, за поквалитетен живот на сопственикот, за поуспешна заедничка иднина!
Ви благодариме на довербата!