Драг Ангеле 260 Типо Брзи,
Со саркастична и иронична комуникација со дрзок тон можда и ќе бидеш шизик некад во твое маало...Ама во ова друштво со таков речник и понашање многу тешко дека ќе се вклопиш и ќе создадеш авторитет пред било кој од нас!
Директно ти укажувам бидејќи мислам дека си тазе со форумиве. Зачленети сме на CarClub не за да се докажуваме кој е кој и кој е што, туку за дружење, размена на искуства, информации, совети и останато поврзано со автомобилизам. Меѓу останатото има хоби и зезање. Прочитај ги темите и твоите мислења во нив и преиспитај си го односот и нивото на комуникација. Со сведување на дискусија за предмети до лични напаѓања ќе добиеш колективен ремет кој уште повеќе ќе те исфрустрира.
Според мене во ситуацијава имаш две опции:
1) Да продужиш у тој стил на понашање и да ми одговориш од прилика "Абе шо к*р ти најде да ми јадеш за речникот? Еб*те тоа клошарот глуп, он на мене ќе ми кажува, ебате, да ти е*ам све по список младо женско од фамилија до седмо колено..ебатте...ииии..."
2) Да го корегираш тонот во пријатна дискусија и да воспоставиш билатерални(кои тешко се градат, а лесно се расипуваат) односи со луѓето
Во случајот 1)
А) ако не си трол ќе исчезнеш за секогаш(кави што случаи сме имале до сега).
Б) aко си трол ќе останеш и ќе трололололаш додека не попиеш бан, па потоа ќе се регистрираш под друг никнејм и повторно ќе малтретираш (има и такви ама за брзо им здосадува и исчезнуваат без да остават трага и впечатоци на Форумов
2) Пријатно ќе изненадиш повеќемина на форумов и ќе докажеш дека си зрела возрасна и дружељубива особа со каква би сакале да комуницираме и да се дружиме. Тој твој прв чекор, верувај без некој да го чита ова, ќе биде сватен позитивно, а со тоа ќе добиеш потдшрка и втора(задња) шанса.
Изборот е твој.
Најпријателски,
Батко Гојдо