Најважното достигнување во светот на моторите со внатрешно согорување, освен најосновните функции кои му овозможуваат да работи, е надполнењето. Предности има безброј, а во БМВ дури сега се почнува со тоа. Традицијата ќе не убие ако не се трудиме да прифатиме промена. Ден денес не ми е јасно како може да се продаваат атмосферски мотори. Тоа е глупост. Клипниот мотор во атмосферско издание користи едвај 50% од својот волумен, за разлика од ротационите. Значи треба да работи на минимум 2 атмосфери за да си ја исполни својата задача.
Ние сме угушени од мали кубикажи и принципи на работа кои не се оптимални. На пример принципите на работа на бензинците може да се подобрат со додавање на 5ти такт - во рамките на компресијата. Тоа е употребено кај Приус 1.8, со што моторот е скоро ист, само вентилот е отворен првите неколку моменти кога клипот се качува нагоре. Со тоа ефикасноста е подобрена околу 10%.
Зошто никој не применува толку едноставни решенија, не ми е јасно.
Од друга страна зошто да не се користи компресор кај дизел туку турбо? Зошто да не е последната брзина доволно висока, за да овозможи подобра економија? Зошто да се продаваат ултра слаби мотори во сите коли?
Затоа што примената на работите кои всушност би промениле нешто е тешка. Треба да се исцеди секој денар од купувачот. А се воведуваат „врвни“ технологии кои се повеќе маркетинг, и никого не го интересираат.
Сите пари се трошат, не за да се направи подобар продукт, туку за да се направат повеќе пари.
Додека светот се врти околу пари (следниве 40-50 години), технолошки ќе тонеме и тонеме...