Автор Тема: Ford Escort 1.8 td не работи менувачот  (Прочитано 2799 пати)

Отсутен Мартин_91

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 450
Ford Escort 1.8 td не работи менувачот
« на: 21 Јули 2013, 22:20:48 pm »
За почеток поздрав до сите форумџии, форумот го следам веќе подолго време, ама од некои причини не сум активен. Проблемот со колата ме натера првиот пост да ми биде барање за помош.  :-\
Се работи за Ford Escort 1.8td од 1997 год. Обично ја стартувам со притиснат кумплуг и менувачот не е во брзина, ама овој пат сум го заборавил во прва а рачната беше крената, го отпуштив кумплугот побрзо за да врзам појас, да запалам светла итн. и откако скокна напред колата, наместо да изгаси продолжи да работи, ама нешто крчи. Менувачот може да се стави во било која брзина без да се притисне кумплугот, ама колата не мрда од место и повеќе крчи. Ќе може ли некој од поискусните да ми каже што може да биде проблемот?   ???
Извинете за подолгиот пост, ама морав да го објаснам проблемот.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Ford Escort 1.8 td не работи менувачот
« Одговори #1 на: 21 Јули 2013, 22:25:40 pm »
Не е долг постот, дури краток е. Сними некое клипче да се чуе звукот ако не.


Куплунгот дали фаќа како што треба? Се осеќа? Јас би се надевал дека е потисната.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Ford Escort 1.8 td не работи менувачот
« Одговори #2 на: 21 Јули 2013, 22:27:12 pm »
Личи на отиден диференијал.....

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Мартин_91

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 450
Одг: Ford Escort 1.8 td не работи менувачот
« Одговори #3 на: 21 Јули 2013, 22:44:47 pm »
@Deni Кумплугот нормално се притиска, само што нема функција. Влегува во сите брзини без него и не трга од место како да е притиснат цело време. Сет ламела, потисна и друк лагер сменив пред некои 700-800km...
@Simo - Carrier166 Можно е да е диференцијал? Мене по некоја логика најмногу ми иде дека е нешто околу менувачот, ама не знам што може да биде...
Малку потешко се снаоѓам на форумов, по грешка наместо да одговорам тука отворив нова тема, нека ја избрише администрација ако не е проблем.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Ford Escort 1.8 td не работи менувачот
« Одговори #4 на: 21 Јули 2013, 22:46:29 pm »
Ќе се уходаш брзо. Да, може да е диференцијалот според ова што го кажуваш.  Поготово крчењето кога ќе отпуштиш педал за куплунг.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Мартин_91

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 450
Одг: Ford Escort 1.8 td не работи менувачот
« Одговори #5 на: 21 Јули 2013, 22:51:53 pm »
На почетокот крчеше само кога е отпуштен, после тоа откако отворив хауба да видам да не има нешто скршено и да не тече нешто од кај моторот се ми изгледаше во ред и пробав пак да запалам и крчеше цело време. Стиснав на гас и  кумплуг неколку пати и го снема крчењето, ама додека ја влечевме до дома како се зголемуваше брзината и крчењето беше погласно.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Ford Escort 1.8 td не работи менувачот
« Одговори #6 на: 22 Јули 2013, 01:18:47 am »
Личи на отиден диференијал.....

иначе форд ескорт е предна влеча...


мартин... запали ја колата, стави ја во прва брзина, крени рачна, и остави го да крчи или што и да прави... наведни се од предна страна и гледај во полуосовините. која полуосовина врти на тоа тркало зглобот ти отишол... ако не врти ниедна полуосовина, време е за мењач да смениш. заради безбедност, нај убаво е да има уште некој да држи на кочница додека проверуваш...

п.с. имам мењач на лагер баш таков ист.

или има уште една можност.. пошто рече дека сега си мењал ламела и потисна, можно е мајсторот да не ти го стегнал мењачот како што треба, па да се одвоил... и тоа го имам видено... сепак, направи го прво тестов. ако не после викај мајстор, ама би ти посоветувал да викнеш друг мајстор, не овој што ти мењал, за да евентуално ако е ова последново што го реков, имаш доказ да идеш кај првиот мајстор и да му се наје*еш кеве по список...

и пиши тука што испаднало...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Мартин_91

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 450
Одг: Ford Escort 1.8 td не работи менувачот
« Одговори #7 на: 22 Јули 2013, 01:33:28 am »
Ќе пробам утре преку ден ќе видам, дај боже да е зглоб. Само да не е грешка на мајсторот со ламелата, зошто искомплицира и други работи нема лесно да го оставам...

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Ford Escort 1.8 td не работи менувачот
« Одговори #8 на: 22 Јули 2013, 01:37:26 am »
ти држам палци... ако ти е зглоб ти препорачувам нов да си земеш.. околу 2000-2500 ке го најдеш...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Ford Escort 1.8 td не работи менувачот
« Одговори #9 на: 22 Јули 2013, 08:15:00 am »
Личи на отиден диференијал.....

иначе форд ескорт е предна влеча...




Да предна е, зарем на предна не може да цркне диференцијал?  ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Ford Escort 1.8 td не работи менувачот
« Одговори #10 на: 22 Јули 2013, 11:24:42 am »
pa nemoze da CRKNE diferencijal... moze da se skrsi... ama ne na toj ford... predviden e tenk da vlece ;)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Мартин_91

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 450
Одг: Ford Escort 1.8 td не работи менувачот
« Одговори #11 на: 22 Јули 2013, 13:49:46 pm »
@onak Си бил во право, проверив како што ми кажа и левата полуосовина врти а десната не.  :) Само да не знаеш зошто кога е дигната колата на дигалка, а е во брзина не вртат ни левото ни десното тркало?

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Ford Escort 1.8 td не работи менувачот
« Одговори #12 на: 22 Јули 2013, 14:31:47 pm »
pa nemoze da CRKNE diferencijal... moze da se skrsi... ama ne na toj ford... predviden e tenk da vlece ;)

Јас не реков дека цркнал. Реков дека отишол (скршил, рокнал, цркнал се` опфаќа зборот отишол..).  Не ме је*и сеа и ти :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Ford Escort 1.8 td не работи менувачот
« Одговори #13 на: 22 Јули 2013, 15:40:52 pm »
@onak Си бил во право, проверив како што ми кажа и левата полуосовина врти а десната не.  :) Само да не знаеш зошто кога е дигната колата на дигалка, а е во брзина не вртат ни левото ни десното тркало?

Штом врти левата полуосовина, а не врти левото тркало, зглобот што ги поврзува е скршен. Така слободна полуосовината се врти полесно од десната која треба да го врти и тркалото сосе неа и по линија на помал отпор преку отворениот диференцијал, цела сила на моторот се пренесува на скршената полуосовина. Затоа само таа ти врти и стоиш во место.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Ford Escort 1.8 td не работи менувачот
« Одговори #14 на: 22 Јули 2013, 15:42:21 pm »
Вајстина воскресе. Левата страна е отидена, треба да се види точно што. Според V изгледа зглоб.