Дали мерењата ќе бидат вршени во присуство на WIDEBAND сонда, knock сензор и слични работи?
Да, по барање на корисникот може да приклучиме и дополнителна air/fuel ratio сонда. Малку е можда проблем во зима кога се работи во затворена просторија заради поставување на издувот турбо вцицувач за издувните гасови за да ги исфрли надвор од просторијата, но и тоа е изводливо.
Параметрите секогаш можат да се прегледаат преку дијагностика. Тјунингот се прави на гориво со 95 или 98 октани, заради квалитетот пожелно е да е од проверен добавувач. Knock сензорот од самото возило ќе ја корегира евентуалната разлика, а ламбда сондата во случај на несоодветна смеша ќе пријави проблем. Значи не исклучуваме никакви сензори, не монтираме емулатори и сл. Нема потреба од било каков сомнеж после стотици модифицирани возила.
Возилото треба да е во одлична кондиција пред да се тјунира. Заменето масло, свеќици, филтер за воздух, чист MAF сензор, да нема проблеми со EGR, запушен катализатор ... Исто така пред да му се предаде возилото на клиентот, се бришат сите грешки и повторно се проверува комплетната состојба на моторот. Кога ќе се утврди дека се е беспрекорно, истото му се предава на корисникот да ужива во благодетите на неговото навидум исто возило, а најголемото задоволство ни припаѓа нам, заради уште еден задоволен клиент повеќе.