Фаланга, малку си екстремен. Се што се прави во Кина не е неквалитетно. Меѓутоа најчкартот потекнува од таму. За Чери и конкретно за сите нивни автомобили, мој личен впечаток е дека се сите чкарт, некој помалку некој повеќе. Треба неколку генерации за да ме разубедат. За скутерите и моторите постојат и квалитетни брендови, пример Кимко кој се носи со Априлија, Пијаџо и тн. Меѓутоа постои и ѓубре кое не ни знам веќе како се не се вика.
Понатаму, 90%, а најверојатно и повеќе, од техничката роба се произведува во Кина. Почнувајќи од наједноставни уреди како миксер, фен, па телевизори и радија, па се до компјутери и микропроцесори. Значи од најчкарт до најквалитетно.
Во секој случај, Чери и да не е толку лош како што мислам, цената не му одговара. Да се цените со 30-40% подоле можеби ќе имав друг коментар.