Автор Тема: Carina i registracija  (Прочитано 36164 пати)

Отсутен Мартин_91

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 448
Одг: Carina i registracija
« Одговори #45 на: 21 Јуни 2016, 21:41:48 pm »
Прочитав и јас така, ама во шпедиција ми рекоа дека треба да се пријави за царина до тогаш, така било и кога истече рокот за еуро2. Утре ќе одам до станициве за технички преглед на Асуц и Ауто Македонија па ќе прашам кај нив.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #46 на: 21 Јуни 2016, 22:36:10 pm »
Само да се царини треба, хомологација не е битна кога.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Carina i registracija
« Одговори #47 на: 21 Јуни 2016, 22:49:37 pm »
Дали тоа значи дека ни за делови не можам да си увезам кола со Еур3 или Еур2? Немам намера да ја регистрирам, сакам да ја растурам за делови...
Пологично би ми било да може да се увезе, да не може хомологација да се добие...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #48 на: 21 Јуни 2016, 22:57:22 pm »
Можеш што сакаш да си увезеш за делови, само царина ќе платиш. Поефтино ти е да ти ја донесат на табли и да си ги земат таблите нагоре да ги одјават.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Carina i registracija
« Одговори #49 на: 21 Јуни 2016, 23:01:44 pm »
Да, знам за таа варијанта, зборам за (веројатната) глупост во законот. Битно е да не ја пуштам во сообраќај увезенката со тоа што нема да помине хомологација, а дали ќе ја увезам за во дневна да ми стои, или кје ја растурам, небитно. Треба да се види убаво што вели законот, јас до сега само читам дека „нема да може да се увезе...“.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #50 на: 21 Јуни 2016, 23:08:28 pm »
Тоа што читаш е од квази порталите и нема врска, како за пример само ќе ти кажам еур 1 слободно се носи и се царини само што не фаќа тиф и хомо. Напротив, ако внесеш било какво возило (еур 0-6) и не го пријавиш во рок од 24 часа за царинење правиш царински прекршок и дело.

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3463
Одг: Carina i registracija
« Одговори #51 на: 22 Јуни 2016, 00:15:03 am »
И на кој начин се спроведува казната за прекршокот?

Отсутен TheHeatIsOn

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 515
Одг: Carina i registracija
« Одговори #52 на: 22 Јуни 2016, 02:26:24 am »
Ako si Mkd drzavjanin ke go izedes, ako ja nosi stranski ke mu se fatat ... Isprobano poveke pati ...

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Carina i registracija
« Одговори #53 на: 22 Јуни 2016, 05:02:10 am »
Цитат
8. Постапка на царинење на возила
 
Вообичаено царинската постапка за употребувани возила се спроведува на следниот начин:
 
По доаѓање на граничниот премин, кај овластен застапник (шпедитер) се подготвува транзитна декларација со која возилото се упатува на царинење во внатрешна испостава. Покрај наплатата на услугата, често шпедицијата бара да се приложи готовински депозит кој му се враќа на увозникот по завршувањето на транзитната постапка во внатрешната испостава.
По пристигањето во внатрешната испостава, започнува царинска постапка на увоз или складирање, зависно од потребите на увозникот или начинот на работа на Царинската испостава. Царинската декларација ја подготвува со полномошно овластен застапник (шпедитер).
 
9. Постапка на царинење на возила кои веќе се наоѓаат во Република Македонија
 
Возилата со странски таблички кои веќе се наоѓаат во Република Македонија и ги управуваат лица со регулиран престој во странство, можат да започнат постапка на царинење без транзитна постапка на граничен премин, односно можат директно да се јават во царинските испостави каде се спроведува постапката на царинење на возила.
 
10. Рок за завршување на транзитната постапка
 
Рокот за завршување на транзитната постапка од граничниот премин до царинската испостава за царинење вообичаено е 1 ден.
 
Непочитувањето на рокот претставува царински прекршок, за кој е предвидена мандатна казна од 50 евра во денарска противвредност за физичко лице или, доколку увозник е правно лице, 50 евра за одговорното лице во правното лице и 250 евра за правно лице.
Цитат
http://www.customs.gov.mk/ShowNews.aspx?ItemID=1377&mid=1099&tabId=1&tabindex=0
« Последно менување: 22 Јуни 2016, 05:12:54 am karajann »

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5009
  • The Spartan General
Одг: Carina i registracija
« Одговори #54 на: 22 Јуни 2016, 08:54:30 am »
И на кој начин се спроведува казната за прекршокот?

Кога ја донесуваш на цол таблици, ја пријавуваш на влез во Македонија. Со други зборови, те запишуваат во царинскиот систем и ти кажуваат културно, или ја носи на терминал за да отпочнеш постапка за царинење, или имаш 24 часа да ја извадиш од Македонија. Со тоа предупредување ти даваат еден испечатен лист со информациите на возилото, возачот и кога самта кола е внесена на македонска територија.

Ако решиш да ја цариниш, одиш на терминал и почнуваш постапка за царинење (всушност ја продолжуваш започнатата постапка од самиот влез, затоа што мислам дека уште на граница мораш да пополниш царинска декларација). 

Ако решиш да ја растуриш, царината си отпочнува прекршочна постапка и праќа известување до МВР дека има влезено возило во МК. Понатаму како си ја тераат постапката институциите, не знам.

Затоа, ако сакаш кола за делови, или ја цариниш, и ја возиш додека траат цол таблиците, па после си ја растураш, или наоѓаш некој како мене да ти ја донесе на регуларни таблици, и после да ја одјави од Германија. Тука единственото место кадешто се внимава е  кога се минува граница со таблиците (затоа што пренесување на регистерски таблички без печат од царина, или декларација, се смета за царински прекршок).

А порталите што лупаат глупости лево и десно, немаат блага веза како се царини и легализира возило во Македонија.

пс. Ова е мое лично искуство, можеби некаде грешам. :)
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Мартин_91

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 448
Одг: Carina i registracija
« Одговори #55 на: 22 Јуни 2016, 12:11:15 pm »
Сабајлечки се растрчав околу увозот на возила со еуро3. Во Ауто Македонија не знаеја што да ми кажат, а во АМСМ ми рекоа дека треба само да е влезена во Македонија и пријавена за царинење.
Се јавив на машински факултет и вработената ми прочита извадок од службен весник во кој е наведено дека до 30ти треба да биде пријавена на царински терминал, ама како надлежно ми го посочи Биро за метеорологија и кажа дека не знае они како ќе го толкуваат.
Таму ми рекоа дека треба само да се набави документ дека е почната царинска постапка или поубаво да е платена царината, а хомологација може да се изврши и по 5 години.

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5009
  • The Spartan General
Одг: Carina i registracija
« Одговори #56 на: 22 Јуни 2016, 12:15:30 pm »
Сабајлечки се растрчав околу увозот на возила со еуро3. Во Ауто Македонија не знаеја што да ми кажат, а во АМСМ ми рекоа дека треба само да е влезена во Македонија и пријавена за царинење.
Се јавив на машински факултет и вработената ми прочита извадок од службен весник во кој е наведено дека до 30ти треба да биде пријавена на царински терминал, ама како надлежно ми го посочи Биро за метеорологија и кажа дека не знае они како ќе го толкуваат.
Таму ми рекоа дека треба само да се набави документ дека е почната царинска постапка или поубаво да е платена царината, а хомологација може да се изврши и по 5 години.

Пред да ја донесеш, договори се со некоја шпедиција за да завршиш работа во еден ден на терминал (преглед, оценка, плаќање).
Донеси ја. Наредниот ден во 7 сабајле нацртај се на терминал. До 14:00 часот истиот ден ќе завршиш сѐ во царина.

После терај други процедури како хомологација, метерологија, дрн дрн јариња, затоа што не си ограничен со никакви рокови. 
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен TheHeatIsOn

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 515
Одг: Carina i registracija
« Одговори #57 на: 22 Јуни 2016, 13:54:31 pm »
Luki za da se svede rizikot na nula, za 30 EUR tablicite po dhl se vo DE. Taka se pravi toa.

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Carina i registracija
« Одговори #58 на: 23 Јуни 2016, 04:35:37 am »
Кога ја донесуваш на цол таблици, ја пријавуваш на влез во Македонија. Со други зборови, те запишуваат во царинскиот систем и ти кажуваат културно, или ја носи на терминал за да отпочнеш постапка за царинење, или имаш 24 часа да ја извадиш од Македонија. Со тоа предупредување ти даваат еден испечатен лист со информациите на возилото, возачот и кога самта кола е внесена на македонска територија.
Во зависност од местото на живеење се определува на кој терминал ќе ја цариниш, имаш 24 часа да се јавиш на царинење.
Ако решиш да ја вратиш пак одиш на царински терминал во рок од 24 часа и почнуваш постапка за враќање на возилото.

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Carina i registracija
« Одговори #59 на: 02 Август 2016, 21:27:20 pm »
Потражив по темите, ама никаде не најдов објаснување што како иде целата постапка и по што се пресметува(киловати, коњажа, итн)... дали моторот треба најмалку да е еуро4 или? сакам да купам кола на странски(шведски или германски) и потоа да ја преведам на мк, само да знам како се пресметува и која е постапката па да размислам што да земам и да пресметам дали се исплаќа. Еве пример да речам БМВ Е46 320 2002-2004 година бензин(има врска дали е бензин или дизел при преведување?) или некој голф. Не сум некој фан на дизел, надевам се нема или има некоја скроз мала разлика при регистрација и слично, во потрошувачка знам дека е голема разликата, али тоа не ми претставува проблем, ќефот е побитен за мене. Колата нема многу да се вози, дали 1месец годишн. Од бугарија не ми се баш зима кола, тешко да ти се погоде од целото ѓубре испратено од германија да најдеш нешто саглам. Затоа планирам директно од германија или шведска, се надевам нема никаква разлика при преведување на колата од која држава е. Значи мене ме интересира најпрво која е целата постапка и како се пресметуваат давачките за увоз на возило, па потоа ке си ја пресметам сам математиката, а доброволни се секои совети