И на кој начин се спроведува казната за прекршокот?
Кога ја донесуваш на цол таблици, ја пријавуваш на влез во Македонија. Со други зборови, те запишуваат во царинскиот систем и ти кажуваат културно, или ја носи на терминал за да отпочнеш постапка за царинење, или имаш 24 часа да ја извадиш од Македонија. Со тоа предупредување ти даваат еден испечатен лист со информациите на возилото, возачот и кога самта кола е внесена на македонска територија.
Ако решиш да ја цариниш, одиш на терминал и почнуваш постапка за царинење (всушност ја продолжуваш започнатата постапка од самиот влез, затоа што мислам дека уште на граница мораш да пополниш царинска декларација).
Ако решиш да ја растуриш, царината си отпочнува прекршочна постапка и праќа известување до МВР дека има влезено возило во МК. Понатаму како си ја тераат постапката институциите, не знам.
Затоа, ако сакаш кола за делови, или ја цариниш, и ја возиш додека траат цол таблиците, па после си ја растураш, или наоѓаш некој како мене да ти ја донесе на регуларни таблици, и после да ја одјави од Германија. Тука единственото место кадешто се внимава е кога се минува граница со таблиците (затоа што пренесување на регистерски таблички без печат од царина, или декларација, се смета за царински прекршок).
А порталите што лупаат глупости лево и десно, немаат блага веза како се царини и легализира возило во Македонија.
пс. Ова е мое лично искуство, можеби некаде грешам.