Ајде малце да ја освежиме темава со едно мало проектче...
Сите сијалици со жаречко влакно се заменети со лед диоди, освен напред во фаровите и купени се гумени патосници за есен-зима сезоната, додека оригиналните теписонските за во пролет-лето...
Еве и по некоја сликa:
Иначе патосниците ги земав од Грција пред околу 1 година, ми се видоа евтини, а добри и за 9-10 евра се супер, додека тука вакви гледав околу 1.000 денари беа...
Најнечистата патосница во колата, се разбира возачката...
Позади патосницата како изгледа:
Пробав и ноќно време да го доловам ефектот на диодиве, ама не успеав, односно успеав само во фиоката делумно...
Еве слика од фиоката:
Се размислувам и за промена на ентериерот во иднина , бидејќи чичко ми ги менуваше своите седишта на 306-ката па ми ги даде неговите... Иначе седиштата што ми ги даде се темно кафеави накај црни, плишани, а он ги смени затоа што му се скина возачкото седиште, додека другиве се одлично сочувани, со потпирачи на глава на задната клупа... Па ќе видиме, што како ќе испадне...