Филип зошто сакаш исклучиво со ваков кров, а не со платнениот?
Прво и основно - ваков кров е по шизички. Потенцијалот за курчење е поголем, а зависта кај другарите ќе биде поголема.
Од помалку важните причини би ги издвоил:
- овој автоматски кров на маздава е познат како добар, рилајбл и може лесно и женско (жена ми) да го крева-спушта.
- платнениот кров произведува значителна бука при поголеми брзини. Викаат дека софт-топ mx-5-ка никад не се вози брзо: со кров бучи, без кров има многу ветар, па така стално полека си возиш. Нема крстарење 120+ на аутопут подолго време.
- платнениот кров на паркинг во центар кај-и-да-е ќе го јаде од нож, цигара и слично. Скоро и да не сум видел кола со платнен кров кој не е унаказен па после крпен.
- автоматскиот кров на mx-5 подразбира и други џиџи-миџи у колата (се подразбира повисоко ниво на опрема), како на пример странични ербези. Софт-топ моделите немаат странични ербези колку што знам
- колата со платнен кров зимно време потешко се грее пошто платното не е некој јак термички изолатор (ова последново ја го измислив вака по некоја моја логика, не знам дали во реалноста е навистина така)