Типично за еден фудбалер без стил, штета што кај нив се парите 
Фудбалер без стил?
Во врска со колата ти е прашањево или општо за фудбалерите ? 
Конкретно како тоа Дејвид Бекам кој успеа во светот на модата исто онолку колку и на фудбалските терени нема стил.
Ах, Мартин колку само грешиш, знам, затоа што човекот по оној инцидент од 1998 ми стана омилен фудбалер и одблиску го следев професионално, а и по малку и приватно....
Ама без жена му, за мода е изгубен ко коза во култиватор ...
Пред да почне да живее со Пош Спајс, си носеше коса на "раздељак" ...
Откако се земаа, почна да се тетовира, полна да експериментира со стилови, фризури и стана модна икона ...
многу ретко иде во шопинг без жена му ....
Така да, тој е модна икона, доби признанија и од Версаче, Армани, Том Форд, Емилио Зенга, и еден куп други модни дизајнери ... ама по заслуга на сопругата