Автор Тема: Менување на мотор  (Прочитано 4115 пати)

Отсутен filip_p

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Менување на мотор
« на: 24 Јуни 2013, 10:24:16 am »
Нов сум на форумов, и имам едно прашање.
Имам голф 3 1.4 кој има проблем со загревање(прегревање), моторот загрева со подолго возење(околу 100 степени и повеке),или пак на успон. Мислев дека е готов па му направив ремонт(сменето е: карики,радилица, вентили,диктон, пупмпа за вода, хладњак, термостат), но џабе моторот пак загрева иста приказна. Се осеќа и пад на снагата на моторот, кога е ладен малце повеке влече, југо ме трка  :). Што би можело да биде... моторот не чури воопшто, пали на пола клуч. Има додадено серво, ама не би требало да му прави проблем тоа? Исто така дали може да се смени мотор легално(1.9 TD)?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Менување на мотор
« Одговори #1 на: 24 Јуни 2013, 10:34:30 am »
Неможе да загрева мотор ако системо т за ладење е во ред. Врти водата? Се пали вентилаторот?

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: Менување на мотор
« Одговори #2 на: 24 Јуни 2013, 10:49:06 am »
proveri si termostat druze..

Отсутен filip_p

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Менување на мотор
« Одговори #3 на: 24 Јуни 2013, 14:59:19 pm »
Неможе да загрева мотор ако системо т за ладење е во ред. Врти водата? Се пали вентилаторот?
Водата врти, термостатот е ставен да отвара на 75 степени. Дали може да дига температура ако е запушен ауспухот.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Менување на мотор
« Одговори #4 на: 24 Јуни 2013, 15:04:05 pm »
Не верувам дека ќе дига температура ако е затнат. Ладњак зема нов или стар? Башка пумпата за вода трена да има две брзини ако не се лажам? Да не уклучува само првата?
А кога ќе го оставиш во место да работи под мала гас расте температурата или опаѓа/останува иста?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14241
  • Пудингот на шоферството
Одг: Менување на мотор
« Одговори #5 на: 24 Јуни 2013, 15:36:04 pm »
Неможеш да ставиш 1.9тди,односно можеш ама ке мора да правиш атест(освен ако не си од Струга,Тетово,Гостивар,Кичево,Сарај,Чаир,Арачиново итн.итн).А ако правиш атест,ем ке имаш повеќе преправки,ем нерви за без врска ем непотребни тошоци,накратко продај го твојот и доплати за ТД.Или па најди некој здрав и исправен 1.4 како твојот стави си го и терај.Или да си најдиш асолен мајстор да ти го среди твојот мотор,пошо на сите сменети делови пак имаш проблем,мајсторот тие за фрлање.Или па да престанам да јадам л***а. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг: Менување на мотор
« Одговори #6 на: 24 Јуни 2013, 15:41:51 pm »
Читам карики и останати ситници, во принцип кога се прави ремонт, се буши на 1-ва или 2-ра, специјала се ставаат нови клипови за таа
специјала, пиксни, болцни на клипњачи, радилица на 1-ва или 2-ра специјала, лежишта на вентили и вентили, брегаста нова, нова маслена пумпа, и тогаш можеш
да кажеш РЕМОНТ.

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг: Менување на мотор
« Одговори #7 на: 24 Јуни 2013, 15:43:28 pm »
Катализатор вади под итно, ако има

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: Менување на мотор
« Одговори #8 на: 24 Јуни 2013, 16:09:42 pm »
Неможеш да ставиш 1.9тди,односно можеш ама ке мора да правиш атест(освен ако не си од Струга,Тетово,Гостивар,Кичево,Сарај,Чаир,Арачиново итн.итн).А ако правиш атест,ем ке имаш повеќе преправки,ем нерви за без врска ем непотребни тошоци,накратко продај го твојот и доплати за ТД.Или па најди некој здрав и исправен 1.4 како твојот стави си го и терај.Или да си најдиш асолен мајстор да ти го среди твојот мотор,пошо на сите сменети делови пак имаш проблем,мајсторот тие за фрлање.Или па да престанам да јадам л***а. ;D

TDI e pokompliciran za montaza posto mora i cela elektronika da se prefrli..ali coekot prasa za 1.9td, sto raboti na star princip, bez mn elektronika i moze polesno da go prefrli vo negoviot..samo valjda bi trebalo da smenis drzaci na motor, posto dizelot si ima povise vibracii od benzinec, pa da ne se trese cela kola ko prvace pred ucitel :)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Менување на мотор
« Одговори #9 на: 25 Јуни 2013, 01:42:15 am »
Нов сум на форумов, и имам едно прашање.
Имам голф 3 1.4 кој има проблем со загревање(прегревање), моторот загрева со подолго возење(околу 100 степени и повеке),или пак на успон. Мислев дека е готов па му направив ремонт(сменето е: карики,радилица, вентили,диктон, пупмпа за вода, хладњак, термостат), но џабе моторот пак загрева иста приказна. Се осеќа и пад на снагата на моторот, кога е ладен малце повеке влече, југо ме трка  :). Што би можело да биде... моторот не чури воопшто, пали на пола клуч. Има додадено серво, ама не би требало да му прави проблем тоа? Исто така дали може да се смени мотор легално(1.9 TD)?

ако е како што викаш со термостат на 75 степени, термо прекидачот на колку е? не ени тоа битно...

смени го хладњакот.. од многу ставање ВОДА се има насобрано каменец многу... но, пред и тоа да го направиш, не би било лошо да ти ја измери некој температурата со сензор оптички или жичан (сеедно) во оној момент кога тебе ти покажува 100+.. многу е можно и стрелката на табла да не покажува точно...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен google

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2396
Одг: Менување на мотор
« Одговори #10 на: 25 Јуни 2013, 03:05:32 am »
Не верувам дека ќе дига температура ако е затнат. Ладњак зема нов или стар? Башка пумпата за вода трена да има две брзини ако не се лажам? Да не уклучува само првата?
А кога ќе го оставиш во место да работи под мала гас расте температурата или опаѓа/останува иста?

Uste se prasuvas dali se lazes ili neso ne driblas ???

Отсутен freakyniki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 329
Одг: Менување на мотор
« Одговори #11 на: 25 Јуни 2013, 08:32:05 am »
neznam kolku e tocno ama znam deka kaj mene odamna na nisan star dizel  problemot se resi koga go smenivme kapcheto na rezervarceto voda kaj so se stava
Пеглал не пеглал....пегли време пролази

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Менување на мотор
« Одговори #12 на: 28 Јуни 2013, 01:50:54 am »
Не верувам дека ќе дига температура ако е затнат. Ладњак зема нов или стар? Башка пумпата за вода трена да има две брзини ако не се лажам? Да не уклучува само првата?
А кога ќе го оставиш во место да работи под мала гас расте температурата или опаѓа/останува иста?

Uste se prasuvas dali se lazes ili neso ne driblas ???

фаланга многу често дрибла, ама овој пат мислам дека појма нема за што збори... така да ред е некој да му појасни, а мене ме мрзи у моментов...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Менување на мотор
« Одговори #13 на: 28 Јуни 2013, 02:17:39 am »
Сличен секс имаше колега и после еден куп пари фрлени виде случајно дека кај перката жиците биле обратно поврзани и перката обратно дувала!

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Менување на мотор
« Одговори #14 на: 28 Јуни 2013, 02:18:54 am »
Пумпата си врти толку брзо колку што врти коленастото вратило, т.е ременот од кој зима погон. Повеќе брзини може да има вентилаторот. А ако не врти тој постои веројатност да ти загрева на угорници, кога се движиш споро, а се оптеретува мотрот. Е сега може и обратно да дува, па да грее, наместо да лади
хахах у исто време  :D :D