Стигна новиот RS Trophy
Renault, поточно секторот Renault Sport, по долгото исчекување конечно ја претстави посилната верзија на својот популарен модел Megane RS.
Иако и во основната верзија со 250 КС Megane RS е еден од најбрзите компакти на денешницата, Renault Sport ги помести границите на перформансите, па иако новиот Megane Trophy не е радикален како минатиот R26.R, сигурно ќе понуди подобри перформанси и повеќе забава.
Така новиот Megane RS Trophy сега нуди 265 КС 360 Њм обртен момент, што е за 15КС и 20Њм повеќе од стандардниот RS модел.
До зголемената моќност е дојдено со зголемениот притисок на турбо полначот за 0,2 бара, но и со промени на всисниот дел за да се овозможи поефикасен проток на воздухот.
Својата официјална светска премиера Renault Megane RS Trophy ќе ја има на 17 јуни, на случувањето Renault Sport Day во Нирбургрин во Германија.
By
rikirulz at 2011-06-13
By
rikirulz at 2011-06-13