Автор Тема: Renault Megane 265 Trophy  (Прочитано 41360 пати)

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Одг: Стигна новиот Renault Sport Trophy
« Одговори #30 на: 01 Јули 2011, 13:14:07 pm »
Многу убав спортов  :P , првпат да направи Рено добра кола  ;D
А-ха фуфка од новата Астра ГТЦ :)
Миле астра е тоа и самиот знаеш ;D
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7274
Одг: Стигна новиот Renault Sport Trophy
« Одговори #31 на: 01 Јули 2011, 14:20:24 pm »
Marjanot, Astra GTC H почна да се произведува 2005 .. Да не си се помешал со Ј..
Не знам како би можел меганот да биде понов ...

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Стигна новиот Renault Sport Trophy
« Одговори #32 на: 01 Јули 2011, 14:57:10 pm »
Marjanot, Astra GTC H почна да се произведува 2005 .. Да не си се помешал со Ј..
Не знам како би можел меганот да биде понов ...
Да, сум се збунувал :)
Мислев дека е муабетот за новата АстраГТЦ, во најава. Во право си за старата ;)

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Стигна новиот Renault Sport Trophy
« Одговори #33 на: 01 Јули 2011, 15:04:41 pm »
Црнава со црвени моменти е секс на тркала. ;D

+1

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5726

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Стигна новиот Renault Sport Trophy
« Одговори #35 на: 13 Јули 2011, 12:55:40 pm »
Црнава со црвени моменти е секс на тркала. ;D

+1

+2

лиги ми потекоа кога го видов

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Renault Megane 265 Trophy
« Одговори #36 на: 17 Август 2011, 19:16:19 pm »
Renault објави информации за новата динамична верзија на Megane RS, која би се нашла во понудата. Megane R.S. Trophy, кој ќе биде произведен само во 500 примероци, доаѓа со зголемена моќ од 265 KЅ (+15 коњи) и максимален вртежен момент од 360 Nm (+20 Nm).

Renault Megane R.S. Trophy

Renault својата нова „ѕверка“ ќе ја понуди на пазарите во Франција, Велика Британија, Германија, Белгија, Португалија, Шпанија, Италија, Швајцарија, Австрија и Словенија, а цената ќе биде околу 35 500 евра.

Renault Megane R.S. Trophy

Renault Megane R.S. Trophy до стотка ќе забрзува за  6 секунди, што е за 0.1 секунда подобро постигнување во споредба со актуелната верзија на Megane RS, а максимална брзина ќе биде 254 km/h. Со дооптимизираното спортско подвозје Cup и новите гуми ветува средна потрошувачка на гориво од само 8.2 литри на 100 километри. Megane R.S. Trophy ќе се нуди во четири основни бои: Sirius Yellow, Glacier White, Etoilé Black и Cassiopée Grey, а опремен е со 19 цолни алуминиумски фелни, нови додатоци на задниот спојлер, кожа, спортски седишта RECARO...

Renault Megane R.S. Trophy

Renault го собори рекордот на патеката во Нирбургринг, во класата на возила со погон на предните тркала. Новиот рекордер е Renault Megane 265 Trophy, кој еден круг мина за 8 минути и 7,29 секунди.

Renault RS Trophy

Така, срушен е рекордот што го држеше Megane R26R кој имаше време од 8 минути и 9,0 секунди. Најбрзото време беше постигнат со стандардна верзија, управувано од од Лоран Ергон - тест возач на Renault. Renault Megane 265 Trophy користи иста шасија како стандардниот 250 Cup, но нуди 15 КЅ и 20 Nm повеќе, со гуми Bridgestone Potenza RE05.

Renault RS Trophy

Само 50 примероци од Megane Renaultsport 265 Trophy ќе бидат пуштени во продажба. Договорите ќе почнат да се реализираат од почетокот на јули.
« Последно менување: 17 Август 2011, 19:20:20 pm Prcot »

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Renault Megane 265 Trophy
« Одговори #37 на: 17 Август 2011, 19:25:40 pm »
Mislam deka ja imavma postirano vesta. Uste ednas: nedostizen rezultat za site drugi!

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Renault Megane 265 Trophy
« Одговори #38 на: 17 Август 2011, 19:29:54 pm »
Mislam deka ja imavma postirano vesta. Uste ednas: nedostizen rezultat za site drugi!
Се извинувам ако ја имало оваа тема претходно ако е дупликат не се надоврзе со претходната ако не може у канта

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Renault Megane 265 Trophy
« Одговори #39 на: 17 Август 2011, 21:39:57 pm »
Имам тема, за овој модел на меган :)

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Стигна новиот Renault Sport Trophy
« Одговори #40 на: 07 Септември 2011, 16:46:24 pm »
Па па па....

Megane RS со 320 коњски сили

Една од водечките британски тјунинг куќи "RS Tuning" го претстави новиот кит Stage 2 за популарниот спортист Megane RS, чиј дволитарски турбо мотор сега располага со 320 коњски сили.

Доработката вклучува алуминиумски високопроточен интеркулер, издувен систем Milltek без катализатор и посебен електронски чип (ECU) специјално развиен за овој мотор.

Измените резултираат со 70 коњски сили повеќе од стандардниот Megane RS, па крајната моќност со Stage 2 китот изнесува 320 коњски сили при 5,500 вртежи во минута.

Освен коњските сили, значително е зголемен и вртежниот момент кој со китот изнесува 488 њутнметри при 3.250 вртежи во минута, наспроти фабричките 340 Њм.

"RS Tuning" сеуште ги нема објавено официјалните резултати од мерењата, но досегашните тестирања на улица и на стаза покажале дека нивниот Megane RS може да се мери со далеку помоќни автомобили.

Цената на комплетниот кит, во зависност од тоа дали доаѓа со катализатор или без, во Британија изнесува од две до 2,500 фунти.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Стигна новиот Renault Sport Trophy
« Одговори #41 на: 07 Септември 2011, 17:12:51 pm »
Ќе гази се живо и диво сега, само многу малку врти бе!?!?!?  ???

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Стигна новиот Renault Sport Trophy
« Одговори #42 на: 07 Септември 2011, 18:14:14 pm »
Ќе гази се живо и диво сега, само многу малку врти бе!?!?!?  ???

На таа тие вртежи добива се... а може да врти и 9000 :)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Re: Стигна новиот Renault Sport Trophy
« Одговори #43 на: 07 Септември 2011, 22:07:25 pm »
Доплатата е смешна за тоа што се добива.
Очекувам енглез некој да насними видео на Нüрбургринг :)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14287
  • Пудингот на шоферството
Одг: Стигна новиот Renault Sport Trophy
« Одговори #44 на: 08 Септември 2011, 15:22:58 pm »
Доплатата е смешна за тоа што се добива.
Очекувам енглез некој да насними видео на Нüрбургринг :)
доплатата стварно е смешна во однос на тоа што се добива,али за на стаза,со толку моќ може да биде и тешко управлив...значи не е се до моќта
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D