Денес морам да признаам имав релативно исполнет ден, и си го носев апаратчето со мене, така да ќе ви доловам дел од настаните.
Прво се договоривме да го посетиме овогодинешниот собир на Олдтајмери 2013, кој беше одржан пред Тојота Мотор Центар.
Собраните автомобили беа одлични, иако имаше и некои кои не го заслужуваа местото таму.Според мене врв на настанот беше Fiat 124 Spyder кој изгледаше прекрасно, но подоле ќе напишам поопширно за него.
Најпрво не пречекаа олдтајмерите на две тркала, иако не беа во голем број, одлични примероци.
Морам да признаам дека не се разбирам полно во моторцикли но...
... овој примерок изгледаше како никоја човечка рака не ставила ни грам шминка на него.
тука исто така не пречекаа GTA девојките, едниствените хостеси на настанот од магазинот GTA (иако можеле и подобри да одберат
)
потоа од десна страна не пречека ова трио, Fiat 500 во не така сјајна состојба и добро познатиот Тополино со неговиот брат војник од 1936та.
од левата страна беа собрани опелашите
а веднаш до нив беше трио од мечки
од кои морам да ја издвојам оваа, која според мене беше, не во целост, но прилично уништена од сопственикот.
Внатрешноста на оваа оригинално 50+ години стара мечка беше масакрирана со лцд дислеј и број други детали кои не припаѓаат тука, надворешноста црвени шепи како на некој boy-racer, потоа делови од шасијата во портокалова боја итн.
но сепак успеав да направам некои интересни фотки од неа
и овој одличен детал мал на крилото
некоја рандом девојчица која културно си се потпре на бубава да си се слика :/
поздрави до французите
и секако опелашите
во овој момент влетаа RedBull девојкиве како порачани на топлото сонце
а веќе кога сме кај RedBull вреди да се сподели и овој мал детал од одлично средиот engine bay на ова мини.
Сега на ред дојде одлично среденото голфче на Дарко.
Секоја чест! и мала фотосесија со него
мали детали кои злато значат
и веднаш да се извинам официјално што не го сликнав карклуб логото, дури сега на сликиве го приметив
од десно ни дојде едно добро средено бело Mk2 Vw Scirocco со одлични BBS-ки
едно фичо обратно
NSU by Mandzar, убаво изгледа но морам да признаам вниманието обрнато на детали е еднакво на нула според мене.
Хромираните пластични ленти излупени, металните изгребани, остатоци од лепак, внатре модерно JVC радивце итн.
Тука на ред дојде одличното Fiat 500 плаво, кое Banzai го спомена, но според мене, завршниот слој на бојата го уништува цело возило, мора уште многу работа на бојата за да биде совршено
Е сега за тие храбрите што уште читаат (кои им благодарам
) дојде на ред, според мене, ремек делово.
Fiat 124 Spyder во неверојатна состојба, како пред 2 дена да искочило од фабрика. Целиот хром во одлична состојба, бандажите совршени, малите ознаки од Pininfarina и Abarth. Внатрешноста речиси совршена (фалеа некои детали) и прекрасен Nardi дрвен волан кој прекрасно легнал во внатрешноста.
само не успеав да дознаам дали е Abarth модел или само дотеран да личи на Abarth. Како и да е прекрасно авто.
Е сеа одиме на вториот дел од денот.
Организирано тест возење на новиот леон, но само дизелаши
, немаше бензинци
Пред ABC не пречека фул опремен Leon FR но само за сликање, никако возење
за возење имавме 2 тди леони,
Ја го возев послабиот од 90кс. Доста солидно количе, дизајнот не ми се свиѓа скоро ич, без тие ЛЕД светлата не личи на ништо.
Пријатно изненаден од вожњата, доста комфортна, материалите внатре одлични, малце бучен мотор но се на се за градско количе и за некој што не е млад и бесен (иако баш за тие е наменет) релативно солидно количе.
Околу 16к беше моделот ја што го возев со Refference ниво на опрема, но доста солидна опрема е и таа. ЛЦД екран на допир, автоматска клима....
ја се возев со овој човек. Одличен муабет, забеган по коли и он малце, и бивш сопственик на банза интеграта како што разбрав,
браво за дружбата и за муабетчето
е сега како цреша на шлагот, оваа лепотица беше паркирана на истиот паркинг и морав да и направам една фотосесија, ако не беше најчиста, тоа веќе ќе беше премногу
ах детелинке детелинке...
и овој ѕвер на идење ме истпрати
Фала на храбрите што се изначитаа, и фала за мене пошто кичма ме искина додека да го средам ова