Разбрав имало многу ароганција. Ќе каже некој отворено што точно се случило?
Па муабетот беше дека треба секој што сака да дојде да ПЛАТИ 600 денари. Многу луѓе надвор од Скопје се побунија. Рачунај 3000 денари ти треба само бензин да стигнеш до Скопје и да се вратиш. Не се ова Сузуки Сфивтови па ќе троши 3 литра на отворено.
Муабетот ем те викаат ем ти бараат пари. Тојота и GTA списанието демек покровители биле. За што? За просторот?! Ене го Борис Трајковски. Сакаат да си прават бизниси таа „федерацијата“ која никој не ја признава и само се глупираат.
Мнооооооогу добри машинчиња и олдтајмери нема да се појават токму заради ваквиот арогантен однос кој после реакциите на Facebook место да се средат работите уште толку се разгорија од нивната ароганција.
Не заслужуваат такви луѓе да им се прави чест. Нека си прават маалски собири и нека наплаќаат 2000 денари за да им ги гледаш колите.
Само за споредба во една Англија кај што има Буба ФЕСТИВАЛИ, значи со музика, храна, пијачки, фотографирање и траат по неколку дена, влезот е околу 750 денари со твое возило.