Ај да ги изгласам јас прописно
1. А45 - најблиску до него во дневен тест на стаднарниот А со АМГ "outlook". Пријатно и без многу „претензиозно дизајнирање“ освен оној дисплеј кој што не можев да го сварам ни во мојот Б се друго се наоѓа добро сместено и избалансирано. Најевеќе заради моторот. Не само заради бројот на коњи, туку целиот технолошки исчекор (убава е бројката ама убаво е да знаеш како се стига).
2. BMW 135i - Не сум имал прилика во ниедно „кец“ да седнам. Но задниот погон, особена почит кон брендот без многу аргументација би сакал да му се навозам
3. Alfa Џули - Откако ќе станеш сопственик на Алфа, само Алфа телевизија по дома смее да се гледа
. Примерокот на Џулиетка ни остана во фирма 3 дена, па и се изнарипавме ко циганчиња на цреша. Дури и кај послабите модели претенциозно спортки дизајнирано, за да ти се чини дека е побрзо од што вистински е. Дизајнот продава заради тоа што те прави да се чувствуваш подобро. Како и сите сопственици на iPhone, веројатно следното прашање е која Алфа а не која кола
--------------
4. GTI - Балансиран пакет на рационалност, квалитет, практичност и перформанси. Се е на место. Не е срамота Туле да му ставиш ако затреба
Другите не ги ни гледам ...ОСИМ ако некој не понуди за безпари да го остави на услуга.
Аудито ме задржа за моментм, ама мислам дека највеќе заради мојата перцепција дека ми се најголеми „влечковци“ од трите Немачки гиганти ..па не го апсоливрам доволно темелно.