Со оглед на тоа што имаме едно од подобрите горива на балканот и во ЕУ не би требало да има апсолутно никаков проблем во тој поглед, барем на репутабилните бензински станици. Сервис и продажба на Масерати има кај нас. Каква е таква е, ама се возат масератиња. Да, нема делови по отпади - ако на тоа се мисли, ама си има најнормален сервис и резервни делови. Споредено со Субару на пример имаш подобар сервис, а тек со Тесла па да не ни зборуваме или со некое електрично возило кај нас. Згора Грција ти е до задникот за што и да треба во теј дел, ако не си задоволен од кај нас. И онака намената на ова возило е транспорт на патници до обала.