Автор Тема: FK Highsport Коиловери Репарирање !?  (Прочитано 3025 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: FK Highsport Коиловери Репарирање !?
« Одговори #15 на: 01 Јуни 2013, 21:21:40 pm »
Не мора да значи дека е 2500, може да е и многу поскап.

Во Авто-Мобил се супер дечките. Одлично си ја знаат работата, и ако нешто се сјебе додека трае гаранцијата, ќе преправат ако треба. Плус пред истекот на гаранцијата се јавуваат да те потсетат да дојдеш на контрола.

Мене ми бараа 100 евра парче за задните амортизери за Леонот (пошто е Спорт се потврди). На ниедно друго место низ Скопјево не успеав да најдам заменски, а не ми се даваа 200 евра за два амортизера. Во Авто-Мобил ги средија за 2400 денари и еве ги, од тогаш се пројдени сигурно 3 години и едно 30.000 км и немаат гајле.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: FK Highsport Коиловери Репарирање !?
« Одговори #16 на: 01 Јуни 2013, 21:24:35 pm »
Ова нема да ти го заборавам :) фала на информација ке поминам да видиме што ке кажат за кај мене :)
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: FK Highsport Коиловери Репарирање !?
« Одговори #17 на: 02 Јуни 2013, 00:32:41 am »
Може да протече ако шибнал пар дупки.

Иначе се репарираат, нема проблем. Пак ќе ги препорачам Авто-Мобил во Скопје - ем ќе ги средат одлично, ем ќе добиеш 2 години гаранција и оооодлична услуга.

еее и баш предните ќе протечат :D
башка возени на дизел мотор,си имало терет напред,возени си се овие

не ми е да ти кршам филм,али мене лично така ми изгледа работава

Да де, пошто кога шибнуваш дупка со поголема брзина обично идеш 80 во рикверц.

да де, fk амортизери ќе протечат од 2-3 дупки

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: FK Highsport Коиловери Репарирање !?
« Одговори #18 на: 02 Јуни 2013, 00:41:41 am »
FK и не е некој хај енд бренд.

Отсутен Dzo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3030
  • GTI®
Одг: FK Highsport Коиловери Репарирање !?
« Одговори #19 на: 02 Јуни 2013, 00:49:19 am »
Да си се јавам ја понеделник и да си прашам а?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: FK Highsport Коиловери Репарирање !?
« Одговори #20 на: 02 Јуни 2013, 01:04:51 am »
Јави се, даваат гаранција 2 години. И ефтини се освен ако не возиш Југо па амортизерче за гепек да ти користи колата.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: FK Highsport Коиловери Репарирање !?
« Одговори #21 на: 02 Јуни 2013, 01:13:01 am »
Јас ги правев кај дечките во автомобил и сум презадоволен,цената е 1000ден за изваден амортизер и плус 300ден за гасно полнеше на истиот,иначе ќе ти ги средат без проблем дечките работат солидно.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: FK Highsport Коиловери Репарирање !?
« Одговори #22 на: 02 Јуни 2013, 10:42:19 am »
Јас морам да го рекламирам нивното репарирање. После 1 година нивно возење и непоминати повеќе од 6000 км, кога бев на технички намерно му реков да ги провери амортизерите, што да чујам дечко спремај се кај и да е за менување покажуваат 60%.
Јас бев  :o  :o  :o

Најмногу ми е криво што им платив 4200 ден за 2 предни, наводно поради тоа што било Алфа и било покомплицирано за менување (иако ги смени за 20 мин по страна) а нови беа 3500 (без монтажа) Монро.

Бев до Авто Мобил да се распрашам за активирање на гаранцијата за репарираните амортизери, и ако покаже под 65% може да ми ги сменат или (на мој предлог) да ми дадат попуст за нови. Нормално јас инсистирам на нови. Газдата пробуваше нешто паметен да ми се прави, али мене не може тој филм да ми тера ... ми вртеше муабет како во стилот демек ти сакаш да ги возиш амортизерите и после да ми ги рекламираш како неисправни ... што јас ладно му одговорив дека не е моја одговорност што нивниот производ т.е. услуга се покажала како неквалитетни. Некако како да знаев дека нема да се покажат како што треба зошто уште кога ги сменија, му реков на тој да ги стави на машина, и кога ги стави не покажаа повеќе од 77%. Инаку да напоменам, колата е возена крајно внимателно кон нерамнини, дупки итн... до сега не е удрено во дупка, така да таа варијанта е исклучена. Подвозјето е технички исправно така да и ова е исклучено. Инаку можеби на некој од вас, нема да му пречи оваа ситуација да секоја година репарира, но мене лично тоа е out of the mind.

Ова е прв и последен пат во животот нешто да репарирам.

п.с. кога ќе се вратам од одмор ќе ги посетам за да ги проверат на нивната машина, и да договорам за цена за нови, па ќе ве известам за нивната професионалност.

п.с.2 Инаку на технички (незнам само за АМСМ) не проверуваат амортизери ОСВЕН ако не им се напомене. Така да направете си услуга и барајте целосна проверка. Сепак за кој к** ги плаќаме тие пари.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: FK Highsport Коиловери Репарирање !?
« Одговори #23 на: 02 Јуни 2013, 10:44:31 am »
Репарација не ги враќа на 100%... Многу лочично е тоа што се случило. Во случајов троа поскапи се коиловерите што ги зборува Џо, па затоа и за репарација прашува. Инаку за 3500 денари парче вреди да се сменат со нови, а за некои коли и поефтино е од ова поприлично.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: FK Highsport Коиловери Репарирање !?
« Одговори #24 на: 02 Јуни 2013, 11:09:51 am »
Значи ако се решиш на репарирање ќе ги репарираш на секои 1-2 години, што не ја гледам логиката со тоа што на крајот ќе завршиш со потреба од купување на еден куп делови од претераното вадење ставање. Прилично „балкански“со оглед на филмот со кој што ги мамат купувачите ..

Цитат
Како алтернатива, за луѓето кои не се секогаш во можност да одвојат дел од својот месечен буџет за купување на нови амортизери, Авто-Мобил нуди репаратура на веќе истрошените амортизери на Вашето возило. Повеќедецениското искуство во областа на репарирањето на амортизери, ги побива тврдењата на некои скептици дека амортизарот е дел кој што е невозможно да се поправи. Се вградуваат оригинални делови, се полни со специјално масло наменето за амортизери кое е постојано на температурни разлики, а доколку е потребно се дополнува со гас под притисок и ги добива фабричките карактеристики како новиот амортизер. Гарнцијата за поправените амортизери е 24 месеци, а просечната издржливост e околу 4 години. Така, можеме со сигурност да тврдиме дека нашите клиенти добиваат врвен квалитет за симболична цена

Што се однесува до мене, lesson learned on a hard way ...

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: FK Highsport Коиловери Репарирање !?
« Одговори #25 на: 02 Јуни 2013, 11:26:20 am »
Можеш да ги средиш и кај Бобо Спорт во Србија,он прави амортизери за пола шампионат во Србија така да нема утка а види може има и опција да се стави само уложак во самиот амортизер нов па да не му ја мислиш


Отсутен Dzo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3030
  • GTI®
Одг: FK Highsport Коиловери Репарирање !?
« Одговори #26 на: 02 Јуни 2013, 13:27:10 pm »
Ке размислам, имам и малце поскапа понуда од Weitec, коиловери кои на ново се 950е+ па ке размислам  ...