Моиве слики немаат некој ефекти или незнам што, ама мене многу ми се свиѓаат, и од еден куп слики овие ми се најомилени.
На првава слика е мојот прв контакт со колава. Без јас да приметам ме сликале, како ја мањачам, другарчево што ме сликаше ми вика, брат уште да почнеше да ја гушкаш кога се вративме на плацот од пробното возење и од проверката во сервис.Е затоа многу ја сакам сликава, мојот прв контакт со сегашната ми кола.
На следнава слика сум сликан незнам точно дали на Словенско- Хрватската граница или на Хрватско - Српската граница, сликава ја сакам бидејќи ова е средината која јас ја сметам за природна за оваа кола, автопатиштата низ балканов, патишта кој неколку пати до сега ги има провртено уздуши попреку.Ова е исто така случајна фотка, и затоа ми е омилена.