Дури и на најдобрите им се случуваат грешки, а доказ за тоа е одлуката на Rolls Royce повлече дел од своите модели, поради опасност од пожар. Никој не би сакал да види запалени богаташи, а и парите лесно горат.
Дури ни ригорозните мерки и малиот број на произведени автомобили, типични за производителите на луксузни автомобили, не спречија грешка и кај Rolls Royce.
Британската компанија ќе отповика 589 примероци на моделот Ghost произведени од септември 2009 година до истиот месец во 2010-та поради проблеми со електричната пумпа за вода што може да се прегрее и да предизвика пожар.
Поради истиот проблем, BMW во минатите неколку дена во САД најави повлекување на 32.000 возила од сериите 5, 6, X6 и 7, односно сите оние возила што користат V8 и V12 мотори со турбополнење.
Еден примерок на Rolls Royce Ghost чини околу 250.000 американски долари.
Извор:
http://kajgana.com/rolls-royce-povlekuva-vozila