Корветата е брза, и добра. Признавам. Технологијата што е во неа е импресивна.
Али, и ова е многу големо али - никогаш нема да ја има ексклузивноста, историјата, тркачкото педигре и името/брендот што Ферари го има. Фактот дека Корвета е дел од Шевролет, а Шевролет произведува и Авео, и Калос, итн (и без муабети, тоа е Даеву, дрн-дрн), го разводнува брендот. Фактот дека до пред 5 години (поточно, корветите произведувани од средина на 70-тите, па до крај на 90-тите), Корветите беа жали-боже, го уништува педигрето, итн итн.
Да, Корвета е побрза од Ферари. Али никогаш нема да го даде престижот и чувството на посебност што едно Ферари, еден Астон Мартин, едно Ламборгини, па и Порше може да го даде. Тоа е вистината. Прифатете ја, и двете страни.