Автор Тема: Убави места во Македонија  (Прочитано 116027 пати)

Отсутен AlexAl1en

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 415
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #405 на: 18 Август 2020, 22:11:31 pm »



Првиот пат рутата ми беше Штип-Бигорски со доручек таму во манастирот-Рајчица, едно кафе во Маврово-Матка-Сити Мол шопинг и назад во Штип

Возење преку Велес и се тоа 12 саати, тогаш не беше новиот автопат кој доста скратува.

Немам идено до Гари, Лазарополе и Галичник.
Каков е патот? Многу одзема време?
Да се прескокне Гари?

Машала ќе се изнавозиш ако тргаш од Штип. Патот како пат си е океј, стар асфалт, не треба да очекуваш којзнае што.

Само проблемот тука е што Бигорски, Лазарополе и Гари се од едната страна на планината, а Галичник е од другата страна и ќе треба да се враќаш до Леуново.

Би ти предложил наместо Галичник да отидеш на Дувски водопади во Ростуше, или некоја слична варијанта. Повеќе време во возење ќе поминеш отколку во уживање.
Турата ми е баш за Галичник и Бигорски и после викам до таму пак, а да не идам до Лазарополе и Гари. Знам дека е на другата страна и повеќе е возење, ама со еден удар повеќе муви.

Ех се имам возено Штип-Св.Наум,Охрид кафе покрај кеј, Канео, Плаошник, шетање по чаршија, Вевчани, Калишта и на крај ручек и прошетка во Струга.
Се тоа од 5 сабајле до 22 вечерта.

Не сакам долго да се задржувам на едно место па си правам план и да видам дали може да посетам се во еден ден.
Моја препорака да застанеш во Рајчица, перфектно е
Периодов го асфалтираа патот за Галичник, провери за да не се враќаш
Да баш сега прочитав дека од 14 август е во прекин секој ден од 10-16 часот. Ќе прашам во групата нивна на ФБ за сигурно дали се уште работат. 

Отсутен mambo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 77
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #406 на: 18 Август 2020, 23:44:19 pm »
Неда треба резервација,цело скопје е таму. Патот се прави така да не се оди сега!

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk


Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Убави места во Македонија
« Одговори #407 на: 19 Август 2020, 01:20:33 am »
Еден ден е доволно за Бигорски, Гари, Лазарополе и на враќање Галичник?

Хотел Неда мора да се резервира?
Ако сакаш да изнауживаш одма ќе ти кажам НЕ, од причина што и во Гари и Лазарополе и Галичник има што да видиш, јас не би се брзал, викендов бев таму, ако си по пешачење/планинарење итекако имаш места кај да идеш, би ти препорачал да идеш на Дуфски водопади во Ростуше, ручек во Трница, ако можеш да споиш 2дена би било топ, во тие 2 дена ќе изнашеташ и ќе “напуниш батерии”


Sent from my iPhone XS using Tapatalk
No turbo, no fun :)

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7075
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #408 на: 19 Август 2020, 07:51:05 am »
Неда треба резервација,цело скопје е таму. Патот се прави така да не се оди сега!

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk
Кој пат го прават?

Отсутен AlexAl1en

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 415
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #409 на: 19 Август 2020, 18:49:55 pm »
Неда треба резервација,цело скопје е таму. Патот се прави така да не се оди сега!

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk
Кој пат го прават?
Галичник - Маврово

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #410 на: 24 Август 2020, 10:42:38 am »
Деновиве планирам да прошетам низ источна Македонија кон Дојран.. Освен лебедово езеро и смоларски водопади што има да се прошета и види ?

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #411 на: 24 Август 2020, 11:58:15 am »
Деновиве планирам да прошетам низ источна Македонија кон Дојран.. Освен лебедово езеро и смоларски водопади што има да се прошета и види ?

Ај баш пиши дали имаат вода водопадите, овој дел од годината знаат послаби да се. Сакам да отидам и јас.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #412 на: 24 Август 2020, 12:08:54 pm »
Деновиве планирам да прошетам низ источна Македонија кон Дојран.. Освен лебедово езеро и смоларски водопади што има да се прошета и види ?

Пониква, брана Градче, Берово...

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #413 на: 24 Август 2020, 13:45:48 pm »
Мислев на долниот дел.. Струмица, гевгелија, радовиш..

Деновиве планирам да прошетам низ источна Македонија кон Дојран.. Освен лебедово езеро и смоларски водопади што има да се прошета и види ?

Ај баш пиши дали имаат вода водопадите, овој дел од годината знаат послаби да се. Сакам да отидам и јас.
Ќе пишам, секако ќе идам до лебедово езеро..

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #414 на: 24 Август 2020, 16:20:33 pm »
Каде е тоа лебедово езеро?

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #415 на: 24 Август 2020, 16:28:40 pm »
Каде е тоа лебедово езеро?
Струмица

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #416 на: 24 Август 2020, 16:37:42 pm »
Во Смолари, многу фино место:

https://www.facebook.com/pg/Complex-Lebedovo-ezero-696034837229556

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #417 на: 24 Август 2020, 16:39:41 pm »
Деновиве планирам да прошетам низ источна Македонија кон Дојран.. Освен лебедово езеро и смоларски водопади што има да се прошета и види ?

Ај баш пиши дали имаат вода водопадите, овој дел од годината знаат послаби да се. Сакам да отидам и јас.
Слаби водопадите, ептен слабо со вода. Барем колешинскиот вчера бев ама претпоставувам и смоларскиот е исто. Иначе, за викенд е гужвичка, бајаги

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #418 на: 24 Август 2020, 16:43:39 pm »
Во Смолари, многу фино место:

https://www.facebook.com/pg/Complex-Lebedovo-ezero-696034837229556

Го има на Google Maps ќе го најдете лесно.

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3810