Првиот пат рутата ми беше Штип-Бигорски со доручек таму во манастирот-Рајчица, едно кафе во Маврово-Матка-Сити Мол шопинг и назад во Штип
Возење преку Велес и се тоа 12 саати, тогаш не беше новиот автопат кој доста скратува.
Немам идено до Гари, Лазарополе и Галичник.
Каков е патот? Многу одзема време?
Да се прескокне Гари?
Машала ќе се изнавозиш ако тргаш од Штип. Патот како пат си е океј, стар асфалт, не треба да очекуваш којзнае што.
Само проблемот тука е што Бигорски, Лазарополе и Гари се од едната страна на планината, а Галичник е од другата страна и ќе треба да се враќаш до Леуново.
Би ти предложил наместо Галичник да отидеш на Дувски водопади во Ростуше, или некоја слична варијанта. Повеќе време во возење ќе поминеш отколку во уживање.
Турата ми е баш за Галичник и Бигорски и после викам до таму пак, а да не идам до Лазарополе и Гари. Знам дека е на другата страна и повеќе е возење, ама со еден удар повеќе муви.
Ех се имам возено Штип-Св.Наум,Охрид кафе покрај кеј, Канео, Плаошник, шетање по чаршија, Вевчани, Калишта и на крај ручек и прошетка во Струга.
Се тоа од 5 сабајле до 22 вечерта.
Не сакам долго да се задржувам на едно место па си правам план и да видам дали може да посетам се во еден ден.