Ние имавме желба годинава да се опремиме за фамилијарно кампирање. Единствено нешто што ме одвлекува, е што одмор со кампирање за 4 члено семејство, е малтене иста цена како одмор „на готово“ во апартман. Освен ако не ти е баш филинг да кампираш, изгледа дека нема баш финансиски бенефит со кампирањето. Секако, не ги рачунам диви кампови без електрика и санитарни чворови.