Автор Тема: Убави места во Македонија  (Прочитано 116096 пати)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #300 на: 06 Ноември 2017, 13:21:40 pm »
Со друштво ќе тераме викенд во Битола и околината, возејќи по рутата на сликата подоле. Би сакал да ги замолам сите што имаат било каков предлог за посета на знаменитости, природни убавини, историски битни локации, археолошки наоѓалишта, значи БИЛО ШТО што може да се посети по оваа рута, да ми кажете и ако не ве мрзи, да ми дадете и координати/пин на мапа.

Фрустрирани сме што странци кои 2 пати дошле во државава виделе повеќе од нејзините убавини отколку ние, што живееме тука 23-24 години, и затоа сакаме да видиме се што е можно. :)

Исто, би било супер да препорачате што има да се прави/посети во Битола и Прилеп. :) Рутата веројатно ќе подлежи на некои промени, така што е можно преку Ресен да се оди покрај Преспанско езеро, а после тоа и кон Охрид, Вевчани и слично.


Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #301 на: 06 Ноември 2017, 16:15:24 pm »
За толку голем круг, еден викенд е малку време.

Гледам дека Кавадарци не ви е во план но нека си стои за секој случај...

- Детско одмаралиште Михајлово ви одскокнува од рута едно 50+км во еден правец.
Освен ако не решите таму да преспиете, не знам дали ќе имате време да одите и да го видите. Се работи за планински предел, чист воздух, убава патека за пешачење, стара гранична кула, борова шума...
https://www.google.mk/maps/place/Mihajlovo/@41.1935066,22.0649779,17z/data=!3m1!4b1!4m5!3m4!1s0x13564523c2d0ed59:0x21d33fd4881f31ad!8m2!3d41.1935066!4d22.0671666?hl=en

- Споменикот на 12-те стрелани Ваташки другари:
41.4014062, 22.0283366 Излетничко место, попатно е и нема да ви земе многу време ако одите накај ресторан Моклиште (41.390551, 22.039622), ресторан во кој не сум бил, релативно е нов и јас го ценам како и секој друг ресторан што се обидува да копира скара и останати клишеа за ресторан и би го прескокнал но на убаво место е. Моклишки манастир (41.385524, 22.037238) од ресторанот преку река и пеш максимум 10 минути до манастирот.

- СКАРА БИСЕР, Кавадарци за ќебаб:
https://www.google.mk/maps/place/%D0%A1%D0%9A%D0%90%D0%A0%D0%90+%D0%91%D0%98%D0%A1%D0%95%D0%A0/@41.4352416,22.0107567,764m/data=!3m2!1e3!4b1!4m5!3m4!1s0x135665a611779693:0x49bd2e72b85e6321!8m2!3d41.4352416!4d22.0129454?hl=en

- Кафене - биртија кај Марко за телешки јазик со печурки: 41.434298, 22.013063.

- Спомен Костурница: 41.432588, 22.022841.
Кога ќе се искачите на споменикот, се гледа скоро цел град. Препорачливо во доцна пролет и рана есен за да не гледате магла.

За Пица и Пита јас би го прескокнал Кавадарци.
Неготино, пицерија ЕМА во оваа околина ми е врв: https://www.google.mk/maps/place/Pizza+Restaurant+Ema/@41.4823716,22.0901894,264m/data=!3m1!1e3!4m5!3m4!1s0x1356704a3882857b:0x9462f97d99eed052!8m2!3d41.4824483!4d22.0908558?hl=en

Клаберите од Кавадарци и Неготино може и ќе ме корегираат за некои локации ама од мене тоа е.


Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #302 на: 06 Ноември 2017, 17:58:37 pm »
Дечки, Пониква добро место е да се помине една недела зимовање, и има ли терени за скијање за деца почетници и инструктори за да ги учат? И1ли да си терам патот накај Боровец.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #303 на: 06 Ноември 2017, 18:32:54 pm »
Терај накај Боровец. Имаш ски школи и таму еден куп. На Пониква стазата е долга цели 30 метри.  Жичара е 400 или 500 ден. Ненормално.  Инструктори лани не видов, мислам дека нема.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #304 на: 06 Ноември 2017, 19:12:08 pm »
Пониква е далеку од скијачки центар.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #305 на: 06 Ноември 2017, 19:23:03 pm »
Не барам скијачки центар, ми треба мала блага стаза и некој инструктор да го учи малиот да скија, годинава прв пат сакам да стапне на скии. Да има за шетање патеки низ шума, гледав еден смештај "Осоговски конак" интересен ми се виде, па затоа и прашав. Ако имам време ќе се провозам овој или нарден викенд да видам на лице место како е.
Инаку и јас како и Мартин, се трудам да дадам предност на нашиве планини ама барем да има минимум услови или пола од она што го нудат соседиве.
Од таа причина години наназд одам во Леуново, па годинава мислев да сменам, а ова ми го пофалија.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #306 на: 06 Ноември 2017, 19:26:21 pm »
Убаво ти пиша горе, 30 метри е стазата и на нејзе има СВЕ - санки, скии, борд, со кеси, со плакари од по дома .. буквално нема лезет и премногу гужва е.

Пониква е супер за се освен за било какво скијање па и почетничко.

За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #307 на: 06 Ноември 2017, 19:44:32 pm »
Не барам скијачки центар, ми треба мала блага стаза и некој инструктор да го учи малиот да скија, годинава прв пат сакам да стапне на скии. Да има за шетање патеки низ шума, гледав еден смештај "Осоговски конак" интересен ми се виде, па затоа и прашав. Ако имам време ќе се провозам овој или нарден викенд да видам на лице место како е.
Инаку и јас како и Мартин, се трудам да дадам предност на нашиве планини ама барем да има минимум услови или пола од она што го нудат соседиве.
Од таа причина години наназд одам во Леуново, па годинава мислев да сменам, а ова ми го пофалија.

На Боровец имаш баш тоа што бараш. Блага стаза за деца, инструктори еден куп. Патеки за шетање исто многу. Најдолгата почнува од жичарата кај хотел Рила и завршува на највисоката точка 2000 и кусур метри нв.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #308 на: 27 Јануари 2018, 23:01:07 pm »
Се погоди времето викендов за прошетка до преспата Отешево, ништо посебно нема ама се осеќа некоја благосостојба во местото.. A walk through memory lane ми се вратија сите мемории моите ко ме носеле преполно коли испикани во сенките, топчести портокалеви бутки,  продаваа сокчина и по некој тост, голф центар кај хотел Европа,  и прејаки бетонски маси за пинг понг..
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • Eбач на батерии :D
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #309 на: 04 Април 2018, 21:23:18 pm »
Бил некој во етно ресторан Старо буре во Кучково? Вреди да се посети и за јадење и за околна прошетка?
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #310 на: 04 Април 2018, 21:25:24 pm »
Јас сакам викендов да заминам некаде, можеби на пониква, прееска му пратив слика на @Ipkisija Meskosa со салати од едно местенце таму и ме фати стрвост.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #311 на: 04 Април 2018, 21:27:16 pm »
Бил некој во етно ресторан Старо буре во Кучково? Вреди да се посети и за јадење и за околна прошетка?

Зависи каква ќе ти биде среќата. Обично убаво е но знае да смрди од околните свинки фарми. У тој случај мораш да станеш да си одиш пошто очи печат.
А храната е 7 од 1 до 10

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8692
  • Пичлеме
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #312 на: 04 Април 2018, 21:42:22 pm »
И да не заборавиш да резервираш, оти резервација е многу битна ствар денес, не можиш од Норвешка да долеташ и да јадиш во Старо Буре Кучково, пошто некој резервирал совреме...

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #313 на: 05 Април 2018, 09:36:56 am »
И пази како се однесуваш со келнерите, леви се...

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #314 на: 05 Април 2018, 09:52:25 am »
Бил некој во етно ресторан Старо буре во Кучково? Вреди да се посети и за јадење и за околна прошетка?

Околна прошетка не знам што може да се види.

Храната е убава и прилично евтина.