Голф повторно најпродавано возило во Европа за 2011, Поло е на втората позиција, Форд Фиеста третаШестата генерација на Фолксваген Голф во последната година од неговото произведување успеа да продаде повеќе коли од било кој модел во Европа во 2011,
трета година по ред, според податоците дадени од JATO Dynamics.
Фолксваген продаде 484,547 Голфови во 2011, само 1.6% помалку од претходната година. Германците исто така го земаа и второто место со Поло кое продаде
356,490 коли, 0.5% повеќе, додека Форд Фиеста третото со 348,465 продадени (-13.3%), а четвртото и петото место ги земаа Опел Корса со 313,325 (-1.7%) и
Рено Клио со 294,172 (-13.1%).
Можеме да заклучиме дека сите Топ 10 бест-селери се или Германски (7 модели) или Француски (3 модели).
JATO Dynamics кажува дека надвор од Топ 10, одредени модели се продавани многу подобро од нивните претходници. Тука спаѓаат Пежо 508 кој е три пати
попродаван од неговиот претходник 407 во 2010, потоа новиот Форд Ц-Макс, Цитроен Ц4, БМВ Х3 и Киа Спортаж.
Европскиот маркет се намалил за 1.2% од 2010 на 12,543,179 единици во 2011.
Грција и Португалија ги регистрирале најголемите опаѓања со 30.7% и 31.3%, додека пак од друга страна Латвија и Литванија имале зголемување за 72.5% и 66.0%.
Најпродаван бренд во Европа бил секако Фолксваген со 1,678,279 единици (+9.1%) следен од Форд со 1,087,912 (-2.8%) и Рено со 1,038,313 (-8.8%).
Надвор од топ 10-те брендови, само Фолксваген, БМВ, Ауди и Мерцедес ја завршиле 2011 без намалување на продажбата.
Извор: JATO Dynamics