Автор Тема: Најпродавани Автомобили  (Прочитано 2280 пати)

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16710
  • Keep it 100
Најпродавани Автомобили
« на: 20 Јануари 2012, 22:20:21 pm »
Голф повторно најпродавано возило во Европа за 2011, Поло е на втората позиција, Форд Фиеста трета





Шестата генерација на Фолксваген Голф во последната година од неговото произведување успеа да продаде повеќе коли од било кој модел во Европа во 2011,
трета година по ред, според податоците дадени од JATO Dynamics.

Фолксваген продаде 484,547 Голфови во 2011, само 1.6% помалку од претходната година. Германците исто така го земаа и второто место со Поло кое продаде
356,490 коли, 0.5% повеќе, додека Форд Фиеста третото со 348,465 продадени (-13.3%), а четвртото и петото место ги земаа Опел Корса со 313,325 (-1.7%) и
Рено Клио со 294,172 (-13.1%).

Можеме да заклучиме дека сите Топ 10 бест-селери се или Германски (7 модели) или Француски (3 модели).

JATO Dynamics кажува дека надвор од Топ 10, одредени модели се продавани многу подобро од нивните претходници. Тука спаѓаат Пежо 508 кој е три пати
попродаван од неговиот претходник 407 во 2010, потоа новиот Форд Ц-Макс, Цитроен Ц4, БМВ Х3 и Киа Спортаж.

Европскиот маркет се намалил за 1.2% од 2010 на 12,543,179 единици во 2011.

Грција и Португалија ги регистрирале најголемите опаѓања со 30.7% и 31.3%, додека пак од друга страна Латвија и Литванија имале зголемување за 72.5% и 66.0%.

Најпродаван бренд во Европа бил секако Фолксваген со 1,678,279 единици (+9.1%) следен од Форд со 1,087,912 (-2.8%) и Рено со 1,038,313 (-8.8%).
Надвор од топ 10-те брендови, само Фолксваген, БМВ, Ауди и Мерцедес ја завршиле 2011 без намалување на продажбата.

Извор: JATO Dynamics





Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1213
Одг: Најпродавани Автомобили
« Одговори #1 на: 20 Јануари 2012, 22:50:54 pm »
I Clio i Megane se pod Corsa i Astra a Reno pred Opel

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43648
  • Il Moderatore
Одг: Најпродавани Автомобили
« Одговори #2 на: 20 Јануари 2012, 22:53:29 pm »
Изглеа многу кангуа продале :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Најпродавани Автомобили
« Одговори #3 на: 20 Февруари 2012, 19:34:37 pm »
Kompanija JATO Dynamics, objavila je listu deset najprodavanijih automobila u evropi tokom prvog meseca 2012. godine. VW grupacija je opet najjača. Ova lista ne odnosi na tržišta Bugarske, Rumunije, Malte, Švajcarske, Norveške i Islanda

1.  VW Golf – 36.799

2.  VW Polo – 25.895

3.  Ford Fiesta - 23 870

4.  Ford Focus – 22.316

5.  Renault Clio – 18.674

6.  Peugeot 207 – 18.325

7.  VW Passat – 17.694

8.  Opel Astra – 17.153

9.  Nissan Qashqai -16.881

10. Škoda Octavia – 16.565

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Најпродавани Автомобили
« Одговори #4 на: 20 Февруари 2012, 19:41:46 pm »
Зар е можно да не е спомнат најдобриот бренд на сите времиња за фрижидери, косилици и автомобили? OMG, како е тоа возможно...

Осеќам дека наскоро некој ќе го поправи рејтингот на најдобриот бренд на светот на сите времиња со статистиките објавени за полумесец Февруари во Сомалија, Зимбабве, Таџикистан, Конго и Ериртреја.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Најпродавани Автомобили
« Одговори #5 на: 20 Февруари 2012, 19:45:03 pm »
Види го Qashqai, 9 место.  :o

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: Најпродавани Автомобили
« Одговори #6 на: 20 Февруари 2012, 20:42:42 pm »
Леле каде е хундаи..?

Брзо сменете нешто на листана,пред да улета ЛП..
People should not fear their government.The goverment should fear its people.