Разбирливо, 207 е ауто кое привлекува многу припаднички на понежниот пол. И самото ауто е конципирано да биде „женско“. Гледај да биде сочувана внатрешноста при изборот. 207-ците имаат доста неквалитетен ентериер кој лесно се раздрндува. 1.4hdi е минимумот од мотор што треба да го гледаш, а и тој е (пре)спор, така да 1.6hdi ако начекаш, би било подобра опција. Гледај да нема многу километри поминато, а и не се устручавај тоа ауто што ќе го бендисаш, да го однесеш на оцена (преглед) во овластен сервис. Можеби ќе кошта некое илјадарче, но барем ќе имаш стручно мислење околу аутото.