Пред некој месец ми се замагли едниот фар. Всушност задниот поклопец се имал олабавено и кога ја миев колата на четки влегло малку вода. Значи круцијално е да се знае дека фарот не пропушта вода и е сосем исправен.
Се замагли скоро целиот и изгледаше грозно. Недела-две се возеше колата и кондензацијата на фарот беше иста. Сеуште таму и нема абер да се мрдне.
Ми текна да употребам силика гел.
Тоа всушност го користам за да се намали влажноста во торби со скапи работи. Па штом работи таму можеби ќе работи и тука.
Овој метод посебно е ефикасен на возила со повеќе отвори на фарот.
Фарот изгледа вака.
Значи вака изгледа фарот фабрички.
Јас го извадив капачето од долгите светла и ставив лепенка. Од задната страна на лепенката залепив силика гел, и ја залепив дупката.
Сега изгледа вака.
Трпение - спасение.
Во рок од недела дена се тргна 95% од кондензацијата, а за две недели фарот е како излезен од фабрика. Толку добро работи ова што нема ни да го тргнам силика гелот.
Секако колата е возена најнормално во текот на тие 2 недели, и сеуште се вози веќе месец дена откога е ставен силика гелот.
Идејата позади ова е што долгите фарови се користат многу ретко и кратко и не се загреваат колку средните. Тоа овозможи да го користам тој отвор за долги светла, кој всушност е постојано ладен. А кога се загрева не е ништо страшно, зошто со тоа се регенерира гелот. Win-Win ситуација.
Ни отворање фар, ни бутур. 10 минути работа, 20 денари и трпение.