Автор Тема: MAK OBD?  (Прочитано 4466 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
MAK OBD?
« на: 01 Мај 2013, 10:40:32 am »
Slucajno naletav na ova:
http://www.facebook.com/MAKOBD/posts/634994823181331:0


Авто Дијагностика MAK OBD · 3,617 like this

Дозволете си повеќе задоволство при возењето, совршена комбинација од зголемена ефикасност со над 30% повеќе сила на моторот, зголемување на вртежниот момент до 25% повеќе во зависност од видот на возилото, заштеда на гориво на тој начин што потрошувачката се намалува до 20%.

Лесна инсталација, Индивидуално прилагодување, 9 излеза на моќност, Нема контакт со ECU на моторот, Заштеда до 1,5 литри гориво на 100 километри, Неверојатни 24 месеци гаранција, Достапно за дизел и бензин мотори.

Во модерните возила мали компјутери вршат контрола и мониторинг на моторот. Тој мал компјутер кој се нарекува електронска контролна единица е поврзан на моторот со кабли и приклучоци. Овој модул што го нудиме е исто така мал компјутер кој е далеку помоќен и претставува дополнителна контролна единица во возилото, нема механички измени на моторот.

Повеќе информации и порачка на mak2obd@gmail.com или фејсбук порака https://www.facebook.com/messages/MAKOBD


--------------------------------

Koj, sto, kako, koga?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Stole

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 39
  • RoadRunner...
Одг: MAK OBD?
« Одговори #1 на: 02 Мај 2013, 11:53:11 am »
Налетав на истово пред некој месец. Не ми беше јасно како работи и му се јавив на типот
што ги продава. Тоа „чудото“ како што ми објасни типот (дилерот) работело на тој начин
што се поврзува на каблите што се за инјекторите, и на некој начин го корегира
сигналот што иде до инјекторите и со самото тоа врши корекција т.е го оптимизира
вбризгувањето. На него има за регулација на моќноста. Ваљда треба да тестираш
на кој излез најдобро ке работи возилото.
Јас лично мислам дека не е баш добра идеја да се стави ова.
Сепак сум за чип, бидејќи чипот во него носи податоци за сите параметри на моторот.
Ги ускладува убризгувањето, палењето, температура на воздух, на мотор, и уште едно чудо
податоци ги обработува и ги ускладува за да извади максимум од моторот.
А овој, погоре споменатиов уред го менува само вбризгувањето без оглед на дригите параметри.
Не се знае како би се одразило на трајноста на моторот.
Мислам дека чипот е најдобра варијанта за подобрување на перформансите на моторот.
Go Baby, Go...!!!

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: MAK OBD?
« Одговори #2 на: 02 Мај 2013, 14:00:24 pm »
prevari na sekoj cekor... ova e nekoj obicen prost presretnuvac na signal (piggy back) koj vo zavisnost od potencimoetarot go regulira vbrizguvanjeto. Begajte od raboti koi ne se nameneti isklucivo za toj model i motor na voziloto, ili drzete se barem do uredi koi se poznati, od poznati firmi, koi ako se univerzalni, barem da mozat da se programiraaat individualno za modelot na motorot.

http://www.aemelectronics.com/engine-management-systems-9/fuel-ignition-controller-f-ic-12/

Ova vi e najeftina varijanta. Piggy back koj gi presretnuva signalite na motorot, pa adekvatno po ZELBA na programerot (tunerot) moze da gi menuva parametrite na vbrizguvanje i palenje. (povekje/pomalku benzin, porano /pokasno palenje) i uste nekoi drugi moznosti...

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: MAK OBD?
« Одговори #3 на: 02 Мај 2013, 16:36:57 pm »
А коментарот на FB?

Цитат
Samo mozete da sanuete ovakvo nesto samo moze da ga zariba motor ili da ga produva zatoj sto ovaj naprava sozdava pregolemu kompresiju koja ga siri BLOK

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: MAK OBD?
« Одговори #4 на: 03 Мај 2013, 00:45:51 am »
Ијааааа создава преголему компресију, како тој? ;D

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4999
Одг: MAK OBD?
« Одговори #5 на: 03 Мај 2013, 16:24:15 pm »
Така се ширеше блок :)

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: MAK OBD?
« Одговори #6 на: 03 Мај 2013, 16:28:14 pm »
И компресија така се дигаше :)
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Stole

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 39
  • RoadRunner...
Одг: MAK OBD?
« Одговори #7 на: 08 Мај 2013, 15:16:00 pm »
Kakoj ga siri BLOK, ako moz nekoj da mi objasni...? :D :D :D
Vida ako ga siri blok, to je dobro.
Od 1.6 motor moz da dobijas i 2.0 kd ke ga rasiriv. :D :D :D
Go Baby, Go...!!!

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: MAK OBD?
« Одговори #8 на: 08 Мај 2013, 15:24:41 pm »
Ова во комбинација со турбонатор, магнети на цревата за довод на гориво и ТајпР наленици на седишта дава дополнителни +40% моќност и +50% вртежен момент како и ја намалува потрошувачката за 27,14%.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: MAK OBD?
« Одговори #9 на: 08 Мај 2013, 15:32:10 pm »
27.14523698

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: MAK OBD?
« Одговори #10 на: 08 Мај 2013, 21:41:36 pm »
uff moram da probam  ;D ;D ;D

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: MAK OBD?
« Одговори #11 на: 11 Мај 2013, 09:48:25 am »
Ова во комбинација со турбонатор, магнети на цревата за довод на гориво и ТајпР наленици на седишта дава дополнителни +40% моќност и +50% вртежен момент како и ја намалува потрошувачката за 27,14%.

кога ке додадеш налепница од кар клуб сите параметри ке се кренат за уште дополнителни 10%.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен makobd

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
    • MAK-OBD Vehicle Diagnostic Tools & Workshop Equipment
Одг: MAK OBD?
« Одговори #12 на: 03 Јуни 2013, 08:28:47 am »
prevari na sekoj cekor... ova e nekoj obicen prost presretnuvac na signal (piggy back) koj vo zavisnost od potencimoetarot go regulira vbrizguvanjeto. Begajte od raboti koi ne se nameneti isklucivo za toj model i motor na voziloto, ili drzete se barem do uredi koi se poznati, od poznati firmi, koi ako se univerzalni, barem da mozat da se programiraaat individualno za modelot na motorot.

http://www.aemelectronics.com/engine-management-systems-9/fuel-ignition-controller-f-ic-12/

Ova vi e najeftina varijanta. Piggy back koj gi presretnuva signalite na motorot, pa adekvatno po ZELBA na programerot (tunerot) moze da gi menuva parametrite na vbrizguvanje i palenje. (povekje/pomalku benzin, porano /pokasno palenje) i uste nekoi drugi moznosti...

Да ве известам само дека се работи за чиптјунер еден вид додатен компјутер кој е појак од тој што го има самото возило, има појак процесор во зависност од моделот (каде што обработувањето на податоците се одвива многу побрзо), сопствена меморија итн.
Да не излезе ова реклама подетални информации можете да побарате на mak2obd@gmail.com
Поздрав

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: MAK OBD?
« Одговори #13 на: 03 Јуни 2013, 10:35:22 am »
Па еве сега сте член на нашиот форум и може да ни го претставите да видиме за што се работи и кој придобивки може да се очекуваат.
Официјално не преку маил, за сите да можат да прочитаат.

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: MAK OBD?
« Одговори #14 на: 03 Јуни 2013, 11:15:48 am »
Во 99% од случаите, процесорите во компјутерите се сосема доволни (брзи) за операциите кои треба да ги извршуваат. Чекаме детално објаснување.