Малце се подновивме
За брисачите не треба да се коментира, сите ги знаеме какви се по квалитет. Втората работа е поинтересна.
По долго размислување и разгледување на звучници за во врата, се одлучив за JVC и не погрешив. Одма наредниот ден засукав ракавите и се фатив за работа. Потребно беше да се пуштат кабли до вратите и да се отворат дупки на тапацирите каде што нема звучникот да смета на прозорот.
Прво почнав да пуштам кабел. Од радиото кон вратата го средив одма и многу лесно. Најдов гумено капаче на столбот и од тука го протнав кабелот за до вратата.
Проблемите започнаа од тука.
Едниот дел од џекот, решен. Сега останува другиот дел што е на врата да се буши. Е тука се измучив да го извадам од врата за да можам да го бушам. Глупи итаљани го направиле на вртење со жлепчиња на вратата кои неможат никако да се видат од плстиката на џекот. Можеле да стават една стрелка барем.
По три часа мислење и работа, џекот протнат до врата.
После тоа се размислував каде да го бушам тапацирот. Сакав да го бушам тука ама.....
магнетот од звучникот фаќаше на прозорот.
И на крај излезе вака
Постоеше опасност да фаќаат звучниците на шалтаблата и да не се затвараат вратите, ама за моја среќа за 1mm не фаќаат.
Звукот, фантастичен!!!!