Денеска денот помина малку работно. Пред некој ден почна да ми светка сијаличката за рачна. Мислев дека им дошло време да се менуваат гуртните, но кога ги отворив тркалата имаше што да видам. Од едното клипче пушташе глицерин. Инаку гуртните имаат уште за возење. Отидов купив клипче и се фатив за работа.
Ги растурив гуртните, ги пребришав убаво со крпа, и ги истругав убаво со ситна шмиргла. Истата процедура ја повторив и на добошот. Штета, немам слики од стругањето.
Клипчето го купив 750 ден. марка TRUSTING
Дали некој знае нешто за фирмава? Прашував и за плочки чисто онака да знам за цени. Имаше TRW 1600 ден. а од Trusting 1950 ден. Типот што работи во продавничката вика дека овие trusting се поквалитетни и од TRW.
Исто така ја искористив да приликата да го сменам глицерионот.
Земав:
И повторно заборавив да сликам. Стариот глицерин беше црн како прегорено уље