Еве некоја свадбарска од пунтич
Доста е од свадби, да се фатиме за работа
Плочките феродо ги земав од Еуро07 1300 ден и се фатив одма за работа. Целата процедура траеше околу 1 час, без брзање.
Најпрво ги олабавив штрафовите на тркалото(да не го тупам сите знаеме како се вади тркало).
Извадено тркалото и отворено капачето за глицерин.
Капачето за глицерин се отвара за да може за да може да се врати клипчето на шапата.
Но пред да дојдеме до клипчето, треба да се извади овој дел кој се наога во долниот дел од шапата
За да се извади штифната, потребно е чекан и клешти. Клештите се потребни за да се извади осигурачот од штифната (заборавив да го сликнам) а чеканот е за да се чукне штифната.
Клипчето на шапата се врака со помош на хебла и една од старите плочки. Плочката се става на клипчето онака како што си лежи кога е намонтирана шепата и полека се бутка со хеблата наназад.
Од кога ке се демонтираат старите плочки потребно е шапата и клипчето убаво да се исчистат. Пожелно е да се издуваат со компресор, но може и со четкичка.
Нарената фаза е монтирање на новите плочки.
Монтирањето е обратно пропорцијонално од вадењето. Нормално кога се намонтираа сите делови мора и колата да се проба. Првите 20-30км плочките треба да налегнат убаво на дискот за да почнат да кочат како што треба.
Еве и некоја слика од старите плочки томекс со 40 000км
Наредните денови ке дознаам дали вреди да се купува феродо кој се три пати поскапи од томексот.
Накратко тоа е тоа.
Наредно што следи за пунтич е редовен сервис + каиши и затегач.