Автор Тема: Нова Honda CR-V  (Прочитано 2952 пати)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Нова Honda CR-V
« на: 29 Април 2013, 17:10:07 pm »
Денес дури правев сервис на мојот CR-V (прв сервис, и тоа промена на уље и филтер а до сега поминати 9250 км), имав прилика да ја провозам новата HONDA CR-V (излегов еден круг на обиколница), и да ја споредам со мојата.
Возев модел со 17" тркала, и со пониско ниво на опрема од мојата, меѓутоа сосема задоволително (мене лично  од ова ниво на опрема би ми фалело Ксенон, Греачи на седишта и стварно ми се допаѓа Алкантара како материјал за седишта (овде беа платнени).

Возев Бензинска верзија 2.0 Атмосферец со 155 кс.

Дизајн: Новиот CR-V  е понизок од мојата верзија за неколку цм, и повеќе личи на кола од колку на СУВ. Мојата верзија личи поробусно , по СУВ, новата е поелегантна мада и тоа е прашање на вкус. Во Бела боја ми се допаѓа како личи, во црна на пример задницата не ми се допаѓа.

Материјали во внатрешност: Ниво повисоко од мојата верзија. Пластиката е подобра на допир, по мека. Инаку не приметив апсолутно никакво крцкање при моето кратко возење.

Удобност: Седиштата во новата верзија се подобри од старата (барем позицијата на седење и удобноста). Исто Lifestyle добива нешто што мене ми фали Lumbal support (и тоа е електрична верзија).

Возење: Новава верзија е потивка од мојата , вози помеко, поудобно и е постабилна за нијанса (колку можев да приметам на обиколница и на една/две кривини).  Новата верзија повеќе вози како кола, од колку како СУВ. Исто приметив дека има пониска потрошувачка. Имаше просек 10 л/100 (што е малку за сосема ново возило). После кругот на обиколница просекот падна на 9.5.  Кратко го уклучив и Econ Button кое допринесува за помала потрошувачка ама потроми перформанси (низ град не ми сметаше и дефинитивно трошеше помалку).

Мојата кога ја земав градско возење беше некаде 12 л/100 (сега е просек 10.5). Новава имам впечаток дека ќе биде во рамки

град: 9l/100

отворено: 6.5 l/100

Исто во новава верзија има СТАРТ-СТОП кој што супер функционира.

Што се оденсува до перформанси, новава верзија нијанса подобро влече од старата, и порафинирано по smooth..


Максимална брзина што ја возев беше 160-170 и е прилично фино чуство (нема бучава и слично).


Практичност: Добар штос на новава верзија е што задната клупа кога треба да се спушти, не треба да се мачиме, туку се притиска копче и седиштата сами се спуштаат (се прави рамен под). Мана на ова е што ради тоа е изгубена лизгачката задна клупа (фиксна е, а кај мојата верзија оди напред назад цели 15 цм). Од друга страна багажникот на новата верзија е нешто поголем од мојата верзија.

Напред кај мојата верзија подпирачот за лакт е вграден во секој од седиштата (независно), и е нешто што мене ми се допаѓа многу. Во новата верзија има средишен подпирач за лакт, ама во секој случај е одлична позицијата на седење.

Во мојата верзија има средишно место долу за складирање на работи (многу корисно). Кај новава тоа е намалено и помалку практично.

Кај мојата верзија во средина напред има дупка , кај новава има средишен тунел. Просторот за колена личи дека е помал, ама во суштина воопшто не смета (има доволно место). На делот каде што би допрел со коленото има тапациран простор за да биде меко чуството (има како мали перничиња).

Кај мојата верзија напред има две фиоки , кај новата има само една (сакам да бидат нештата одвоени, така да кај мојата ми се допаѓа повење).


Се на се новата има предности во однос на мојата, ама би рекол дека е еволуција на дизајнот и моделот а не револуција. :)

Ако имам прилика да ја пробам на подолг тест, ќе напишам многу подетално (плус се брзам на состанок :) ).


Поздрав

Дарко

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Нова Honda CR-V
« Одговори #1 на: 30 Април 2013, 08:13:02 am »
Интересна е споредбата од страна на сопственик на постариот модел. Се надевам дека набргу ќе имам шанса да го повозам новиот CR-V и ќе пренесам импресии. :)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Нова Honda CR-V
« Одговори #2 на: 30 Април 2013, 17:25:01 pm »
Интересна е споредбата од страна на сопственик на постариот модел. Се надевам дека набргу ќе имам шанса да го повозам новиот CR-V и ќе пренесам импресии. :)

Или уште подобро :) Да го истестирам на пар денови и напишам импресии за CarClub? :)

Дарко

Отсутен jonnblaze

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Одг: Нова Honda CR-V
« Одговори #3 на: 27 Јули 2013, 08:21:11 am »
Се надевам дека набргу ќе имам шанса да го повозам новиот CR-V и ќе пренесам импресии.
ghost rider

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Нова Honda CR-V
« Одговори #4 на: 27 Јули 2013, 10:40:19 am »
Се надевам дека набргу ќе имам шанса да го повозам новиот CR-V и ќе пренесам импресии.
Еве и тестот прочитај го, па кажи дали и ти си го искусил возилото на истиот начин.
http://www.carclub.mk/2013/05/30/honda-cr-v-2-0-4wd-elegance-evolucija-na-japonskiot-suv/