јас со сервото на реното имав проблем... после доживеаната поплава на возилото, поради напукната манжетна влегле прљавштини кои успеаја на летвата да ми го скинат семерингот за на сервото. а за бељата да биде поголема неможев никако да најдам таков семеринг, а инат ме фати не му давав 300 евра за летва на никого во тој момент. и почна да си капе.. и ај не е проблем, си дотурав од време на врема ама по некое време почна да излегува по скоро 1 литро на 250 километри, а во тој момент таа километража ја извозував за период помеѓу 2 и 4 дена. приметував дека ако ставам некој подобар бренд кој во суштина видно беше поредок, побрзо го измочуваше... ке купиш некој АТФ за 100 денари литро видно погуст и кобајаги демек по чкарт, ама поише време тераше...
и еден убав сончев ден, кога почна да ми зуе пумпата гладна за АТФ, а во гепек немав, си велам мечка страв мене не страв по логика велам масло е масло, му треба по густо за помалку да тече му опнав 90-ка во сервото и тоа нај ефтиното, во драчево купено на точење од биуре за цена од 70 денари литро... резултат феноменален и одличен: 1 литро на 1500-1700 километри а зино време и до 5.000 со едно литро
... кога ке запалиш само првите 3-4 секунди зуе пумпата и ке се стиши.... и така му ја продадов на човеков што и ден денес ја вози така и и тура 90-ка во сервото. од тогаш (од првото турање) до сега колата има пројдено преку 150.000 километри... и нема гајле ни летва, ни пумпа ни ништо... необјасниво за мене, ама се водев по логика... ми беше скиснато од купување АТФ. комшикава со продавничето ме дупеше у ребра вика, дај остави некоја тубичка нека има и за другиве луѓе да си стават, целиот од рафтот само ти го зимаш.