Автор Тема: AUDI A4 1.9 TDI 1Z 66KW Ребраст Каиш и Водна пумпа  (Прочитано 1814 пати)

Отсутен BorceBt

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Ме интересира знае ли некој кој е моделот на фабричкиот ребраст каиш и на водната пумпа на горе наведениот модел на Audi.Повеќето ми сугерираат за INA ребраст каиш а за водна пумпа не сум слушнал мислење,па ги повикувам сите кои имаат менувано каиш и водна пумпа нека се произнесат какви модели ставале и кој како е задоволен од истите,ги повикувам и оние кои на некој начин имаат некое искуство со овие работи нека ми помогнат околу изборот.

Поздрав и секое добро

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Одг: AUDI A4 1.9 TDI 1Z 66KW Ребраст Каиш и Водна пумпа
« Одговори #1 на: 12 Мај 2013, 00:35:16 am »
пумпата мислам можеш да ја замениш старо за ново во порше македонија,а за кајш имаш сетови во мега ауто партс

Отсутен Stole

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 39
  • RoadRunner...
Одг: AUDI A4 1.9 TDI 1Z 66KW Ребраст Каиш и Водна пумпа
« Одговори #2 на: 13 Мај 2013, 08:54:36 am »
Здраво
За ребраст каиш ти го препорачувам
Continental Contitech од Мега Ауто Партс
Имав едно искуствосо овој каиш, можеш да видиш што се дешаваше
на http://forum.carclub.mk/index.php/topic,8585.0.html
и стариот каиш беше супер ама го сменив само за да не
ми биде шубе кога возам
А за водна пумпа, не знам...
Go Baby, Go...!!!

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: AUDI A4 1.9 TDI 1Z 66KW Ребраст Каиш и Водна пумпа
« Одговори #3 на: 13 Мај 2013, 11:21:12 am »
Како што ти кажа влатко ако е VW пумпата иди во порше македонија направи замена старо за ново, а за сет ребраст Ina или Contitech и Gates и Dayco се супер се зависи која цена ти е планирана, само да знаеш на Ina лагерите се нивни а најчесто каишто е на Contitech или Gates колку што имам инфо, а за другите затегачите ги позајмуваат а каишите се нивни.

Отсутен BorceBt

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Одг: AUDI A4 1.9 TDI 1Z 66KW Ребраст Каиш и Водна пумпа
« Одговори #4 на: 13 Мај 2013, 18:37:38 pm »
Столе го читав твојот пост пред некое време,грешка на мајсторот што не го завртил моторот на рака пред да го запали,во секој случај си имал среќа што не се скинал или прескокнал,добро си направил што си го заменал да се рает да не ти е мисла,

Оги фала за имформациите

Мене ми сугерираа за каиш INA (сет) во битола кошта 5000 ден. а Прилеп 4000 ден.
За пумпа ми сугерираа Meteli 2200 ден. и некоја LPR 1450 ден. Јас многу не се разбирам па барам совет од поискусни и секој совет и сугестија ми се добредојдени

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Одг: AUDI A4 1.9 TDI 1Z 66KW Ребраст Каиш и Водна пумпа
« Одговори #5 на: 13 Мај 2013, 20:48:20 pm »
Метели ти е подобра пумпа отколку ЛПР сетот земај го ИНА-та имам монтирано 20-тина на пасати ауди голфови со одличен квалитет се.