ок,тоа расчистивме.
кој систем го препорачуваш ти како експерт во оваа област?
може да ги напишеш на кратко предностите и недостатоците на двата система?
еве пример имаме 4 члено семејство.
колку литри треба да има бојлерот,колку метри квадратни треба да е панелот.....дали мора да се стави на кров или може во двор?
и на крај кој е подобар систем од вложено добиено, т.е да брка работа
ако може и со цени да ни демонстрираш.
4 члено семејство во принцип има потреба од 150 (160) литарски бојлер и 2 соларни панели (по 2 квадрати еден значи вкупно 4 квадрати). сето тоа скоцкано со пумпа, експанзија, цевки, конструкција за панели, фитинзи, спојници, антифриз, автоматика-диференцијален термостат и мојот ќар се движи помеѓу 1750 и 2150 евра. разликата ја диктира должината на бакарните цевки (бакарот е доста скап) и секако металната конструкција за соларите. да напоменам дека од нас го добивате бојлерот комплетно спремен за работење, поврзан со солар, со струја и се друго освен приклучување на вода. тоа мора да ви го изведе водоводџија или ако немате ке го изведе еден мој пријател се разбира за финансиски интерес...
начелно има 2 типа на соларни системи.
1. термосифонски-со бојлерот на кров
2. раздвоен-со бојлерот дома
првиот никогаш не сум го работел и немам намера да го работам, пред се затоа што тоа не е вистински солар со целосно искористување на топлината, бидејки има големи загуби, а воедно да напоменам дека ова е врло евтин солар, но џабе ви е, кога не е целосно функционален. ама ке ги прикажам и неговите поделби:
-со стандардни панели, па со цевки во ХОРИЗОНТАЛЕН бојлер (подобра верзија)
-со вакуум цевки, со вграден бојлер (полоша верзија-воедно и нај лош солар)
негативитетот е дека во зимските денови, кога ке почне температурата да се спушта ниско, време ви е да се качите на кров и да ја изпуштите водата од бојлерот, а во текот на зимото да се бањате со обичен бојлер, затоа што тој на кров ке смрзне и веројатноста да пукне он или некој дел е голема
2. раздвоен солар или солар во кој бојлерот ви е дома. тоа подразбира автоматски контролиран соларен систем, со контроли на температура, заштити од напразно вртење, заштити од мрзнење и заштити од прегревање на панелите.
како функционира?
да го земеме примерот со 150 литарски бојлер и 2 панели. на кровот стојат 2 панели кои се завртени според можностите на кровот кон онаа страна која е точно определена за соларот, односно според потребите на семејството во кој период од денот имаат највеке потреба од топла санитарна вода. пресметките се прават на лице место според изведбата на објектот-куќата. во тоалетот или подрумскиот дела, има бојлер кој е на ногари, значи не е на зид, туку на земја. во целиот круг на поврзување (не тупам со детали кога што и каде) има пумпа, експанзија и 3 сензори за мерење на температура. првиот сензор мери температура на солар. вториот мери температура на бојлер, третот мери температура на топлински изменувач на бојлер. сите тие сензори се приклучени во автоматиката која ги отчитува и на точно зададени диференции-разлики од минимални температури, ја вклучуваат пумпата кој почнува да влече топол-врел АНТИФРИЗ од соларите и да го врти низ топлинскиот изменувач (вграден во бојлерот) и со тоа тој врел антифриз се понаша како вклучен греач на струја односно го менува истиот. на тој начин санитарната вода се загрева. 150 литарски бојлер, ке се загрее до 70 степени за некои 5-6 саати во топол јуни-јули-августовски ден.
сега нормално ке се прашате зашто 150 литри? затоа што на толкав бојлер се појавува сепарирање на топлината па како и со воздухот така и со водата, топлата се качува нагоре, ладната паѓа надоле. тоа е позитивно за во зимскиот период. бидејки во зимо сончевиот ден е пократок, ув индексот е послаб, загревањето на бојлерот е послабо. ке се појави сепарација на топлина и повторно ке добиеш загреана топла санитарна вода, само што количината нема да и биде 150 литри туку да рече пола... одприлика исто толку и ке загреете со греач, бидејки овие бојлери посекако се обезбедени со електрика за греење.
и да... овој соларен систем работи и во зимо. македонија има 10,5 месеци сончеви, односно повеке од 300 денови се сончеви.
и да напоменам дека ние, од пред 4 години прејдовме на солари кои се ИСКЛУЧИВО со специјален премаз за екстра користење на ув зраци и солари исклучиво со ГРАДОБИЈНО СТАКЛО... премазот за ув зраци е оној кој ке ви обезбеди топла вода од соларот и во облачен летен ден, затоа што ув зраците проаѓаат низ облаците.. истиот премаз ке ви обезбеди топла вода и во зимо на сончев ден па макар надвор било и -20...
градобијното стакло да не го коментирам нели?
уште некое прашање?