Се мислам да земам од TW Black box, се изначитав добри критики на странски форуми ама нигде не пишуваат колку време трае.
Не мислам колку време ќе ми биде колата како огледало, туку дали после 10-20-то перење ќе изгледа барем приближно добро како кога сум го нанел TWBB или се враќа во состојба како пред нанесувањето...
има некој искуство да сподели?
TW Black box е иновативен производ на TW компанијата,нормално е за секој производ да најдеш позитивни и негативни критики,се зависи од тој што го користел,каков ефект очекувал,дали правилно го користел? врз каква сосtојба на лакот од неговото возило,наменет е за одржување на поновите автомобили,одлични резултати покажува и кај постари лакови кои не се премногу оксидирани ,покрива мали swirls marks од сунгери и од четки,од неправилно миење,содржи јак карнауба восок,што значи дека овозможува добра заштита на лакот,ако правилно се нанесува ефектот е повеќе од очигледен,потоа ако ја прочиташ темата,ќе научиш како да го негуваш восокот за подолго да трае на лакот,т.е. на каков начин да го миеш возилото и со кој препорачани средства и шампони.