Кај мене исто на таква Астра ама 1.6 се пали понекогаш сијаличката. Често знае да се запали од лош бензин одма после напуштање бензиска. Кај мене проблемот беше нешто со издувните гасови и при палење на сијаличката треба да ја изцедам малку и ке издува и ке изгасне.
За да провериш во што е проблемот мораш на дијагностика и мора да свети сијаликата за да го покаже проблемот.
Сензорот ти јавил слаба смеша... И кај мене го појави тоа, после турање бензин на Макпетрол.
Затоа, ставам строго на Лукоил. И претходно ставав ЕКТО, тоа со Макпетрол беше инцидентно, пошто немав Лукоил у близина. Сега, го рационализирам горивото како знам и умеам, да можам да се „догурам“ до Лукоил бензинска, за да не бидам приморан да ставам гориво од некој друг.
Штраф на предното (или било кое друго) тркало, не би требало да е решение на проблемот со "Check Engine" сијаличка.