Само да знаете колку работа има да се вгради клима во кола без клима... Најлесен начин е да се извади комплет од иста таква, значи има внатре се растура цела табла и се менува цел дел што е внатре за греење ладење, напред треба да се смени со ново ушравување кај што има копче за клима, треба електроника да се поврзе што доколку колата го нема фабрички во неа ке биде многу зезнато, потоа треба црева да се пуштаат , кога ке завршиш внатре надвор треба компресор пак црева па сушач, па ладилник испарувач, па мора уште перки да се поврзат кој дополнително ке ја ладат климата, потоа треба и таму да се пушта инсталација со релиња за перките компресорот осигурачи, жици до компресорот до пресостатот... Доколку незнате сами да го направите ова незнам кој ке се нафати ова да го прави под 200 евра, а за деловите само компресорот е 100 евра кај се останатите делови...