Самко, до денес немаме добиено информација и немаме регистрирано случај, за проблеми со Форд возила со вграден плински уред. Доколку постојат реални услови да настанат проблеми, Ми-Да Моторс немаше да одобрува гаранција за возилата на кои се инсталираат плински уреди.
Единствен недостаток кој е забележан, е кај 2-3 возила Форд Фокус, што е случај и кај Данаил Поповски (вториот пост од форумов), ламбда сондата на моменти се “лади” и не ги чита издувните гасови, што потоа бензискиот компјутер го јавува како грешка. Но тоа веќе е проблем на самата сонда , а не на издувните гасови.
Ако се земе во предви дека, само за последниве 2 години се вградени плински уреди на над 300 Форд возила(
www.plimont.com/ford ), отстапувањата кај 2-3 возила (ова можеби е некоректно кон сопствениците на тие возила) статистички се занемарливи.
Уште еднаш ќе се навратам на главното прашање на темава, дали Форд прави проблеми по 50-60,000 километри.
Ми-Да Моторс го одбра Плимонт за стратешки партнер во промоцијата на своите возина на ЛПГ погон.
Договорот е направен по детална анализа изработена од странана Плимонт и по доставено мислење од производителот на системите Ланди Рензо. Кога ги презентиравме податоците, не можеше да не се забележи дека одговорните во Ми-Да Моторс веќе имаа добиено од нивната централа податоци со исти закључоци. Самиот договор е многу јасен, плински уреди кај новите Форд возила може да се постават кај моделите со мотор до 1,4 литри, инсталацијата на плинскиот уред да се изврши во плимонт, а притоа да остане да важи гаранцијата на возилото.