Огромен фактор за зачувување на квалитетот на лакот,посебно кај новите автомобили на кои лаковите им се меки ,бидејќи се правени на водена база заради намалено загадување на околината,е тоа што никогаш ама баш никогаш не смее да се перат со било какви средства од домаќинство,сите тие средства како сјај,спин,глосс,милл........се агресивни средства,значи тоа е тоа што го зборев погоре во постовите,на подолг рок го уништуваат лакот,поновите лакови е пожелно да не се перат во автоперални каде што се пере на четка и сунгер,на кои е наталожен каменец кој го оштетува лакот,препорачливо е безконтактно перење,т.е. активна пена со неутрална вредност,и сушење со микрофибер или компримиран воздух,за заштита било кој тип на восок,пожелно е тврд восок,но заради брзината и гужвите на автопералните,стават брз течен восок или speed wax.ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!!!!!!!!доаѓаат жешки денови,автомобилите се изложени на сонце,никогаш да не се става автомобил под ладна вода со усвитен лак од сончевите зраци и високиот UV фактор,да се почека малку под сенка да се олади и потоа да се испере,факт кој сите го занемаруваме,огромно значење има по квалитетот на лакот,одпочеток нема да ги воочите микроскопските пукнатини на лакот,но потоа ќе забележите дека лакот го губи сјајот или почнува да се лупи и го забрзува стареењето.