Автор Тема: Плин на Toyota Corolla 1.6  (Прочитано 2516 пати)

Отсутен vgeshoski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
Плин на Toyota Corolla 1.6
« на: 21 Ноември 2014, 09:19:39 am »
Здраво,

Сакам да прашам дали е паметно да се намести плин на Toyota Corolla 1.6 2009? Се работи за службено возило што годишно поминува од 60-90 илјади км па затоа и се мислиме да наместиме. Сакаме композитна боца но никој во мк не нуди такво нешто. Да ми препорачате некој што мести. Во Плинмонт Битола ни понудима Landi Evo Систем за 550 евра но не е со композитна боца и како што ми кажаја ако една дизна на системот се расипи може да се промени само таа а не како Landi Renzo сите четири. Дали тоа е точно така или само е трик за продажба немам искуство.

Однапред благодарам.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8962
Одг: Плин на Toyota Corolla 1.6
« Одговори #1 на: 21 Ноември 2014, 10:18:10 am »
а зошто инсистираш толку на композитна, стави тоа што ти го нудата плимот што е стандардно има еден куп тојоти на плин, што побрзо ставиш тоа подобро за тебе

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Плин на Toyota Corolla 1.6
« Одговори #2 на: 21 Ноември 2014, 10:23:15 am »
Слушнал некаде за композитна и сеа држ се ко пијан за бандера. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен vgeshoski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
Одг: Плин на Toyota Corolla 1.6
« Одговори #3 на: 21 Ноември 2014, 10:32:45 am »
Не навредувај шо е до мене јас че наместам обична но директорот мој така налага и морам да слушам.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Плин на Toyota Corolla 1.6
« Одговори #4 на: 21 Ноември 2014, 17:53:48 pm »
Нека најде он композитна боца.....
Прв пат слушам за таква. Плин е паметно да се направи на секоја кола со бензински мотор ако моторот не спажа во групата на ризични мотори кои се расипливи на плин.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Плин на Toyota Corolla 1.6
« Одговори #5 на: 21 Ноември 2014, 18:07:50 pm »
Не навредувај шо е до мене јас че наместам обична но директорот мој така налага и морам да слушам.
Ne te navreduvam tuku taka me izgleda celata rabota, a kako so kaza I kontradzontra neka si namesti plin direktorot so takva boca.Tebe tie gajle dali ke bidela na plin ili na benzin oinaka e sluzbena.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Плин на Toyota Corolla 1.6
« Одговори #6 на: 21 Ноември 2014, 18:17:25 pm »
Tebe tie gajle dali ke bidela na plin ili na benzin oinaka e sluzbena.

Јас би сакал службената кола да е на плин. Ќе биде помалку бучна, помалку ќе загадува и ќе прави помалку трошок, што значи повеќе пари за мене....
Чунки возилото цепало 60-90.000 годишно што е прилично многу. Според тоа ме интересираат две работи:
1. Зошто фирмата не купила дизел? ..... мнооогу лоша одлука да се купи 1.6 бензин, кој и да на донел
2. Кога веќе се зезнала фирмата и купила 1.6 бензин, зошто се чекало макар и месец дена а да не се конвертира на плин.

Баш би сакал да знам.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Плин на Toyota Corolla 1.6
« Одговори #7 на: 22 Ноември 2014, 21:32:15 pm »
Веројатно слишнал композитна боца од странските форуми кои пишуваат за метански уреди (CNG), каде има логика да се става композитна боца за метан зошто е далеку полесна од челичната. Од друга страна за автогас уред кој е на LPG а не CNG нема логика во ставање на композитна боца затоа што разликата во тежина на челичната и композитната не е голема. Заштедата ќе биде мала, а цената голема.

Друга веројатност која е возможна е дека некаде прочитал дека композитните боци се посигурни (ако сигурноста е во прашање), но тоа пак се работи за боци кои се наменети за CNG систем за метан, а не за LPG плин како овие за кои зборуваме.

Затоа е важно да се разбере што поточно се бара, и пред се зошто се бара тоа кое се бара. Дали може да дознаеме кои се причините за барање на композитна боца? Прашањето е насочено да ја открие потенцијалната заблуда кај некои корисници, како и начините како корисникот да го добие она кое навистина го бара. Доколку го даде условите кои ги бара (лесна боца, зголемена сигурност, место на монтажа или што и да е причината за композитна боца) ќе може да го разложиме одговорот подетално и да понудиме соодветно решение.

Накратко за LPG уред не е потребна композитна боца.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Плин на Toyota Corolla 1.6
« Одговори #8 на: 22 Ноември 2014, 21:52:56 pm »
Јас би земал алуминиумски резервоар за плин, ама веројатно не ги прават за масовно вградување и сигруно се доста поскапи од челични.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Плин на Toyota Corolla 1.6
« Одговори #9 на: 22 Ноември 2014, 22:21:53 pm »
јас имам композитна боца од 95 литри без документи, половна. кажи му на газдата твој дека ако сака нека тури со обична боца па после оваа ке му ја монтирам. цена само за боцата 650 евра. монтажата е плус.

и стварно, пиши ја причината за изборот на таква боца?  се разбира, ако ти кажал гадата.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен vgeshoski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
Одг: Плин на Toyota Corolla 1.6
« Одговори #10 на: 24 Декември 2014, 14:08:16 pm »
Причината зошто се одлучиле за бензин а не за дизел е бидејќи колата била донација и досега има поминато 200.000км. После долго убедување се реши за плин и изгледа ќе се мести од плинмонт во бт.