Фак, напишав пост, па ми крашна Фајрфоксот пред да пратам.
Енивеј, за шо ме имаш мене? За Солун барем иам информации колку сакаш.

Значи.. Центарот на Солун е ок. Белата кула е интересна да се влезе и да се заврти еден круг, ама ништо посебно. Кејот е убав и прошетување покрај кеј има посебен мерак. Одлично кафе прават по кафичите (бат римембер дека мораш да нарачаш фрапе ако сакаш тоа што ние го викаме нескафе - ако нарачаш нескафе, ќе ти донесат топло нескафе). Цените во тие кафичи се генерално нешто повисоки, али не драстично повисоки.
Вреди да се сврти круг по Aristotelis Square (главниот плоштад). Таму е и Солунскиот пазар со еден куп интересни ствари (имаше едно тезгиче кај што продаваа мал милион различни зачини рецимо) и ептен добри тавернички со одлична храна (ако веќе одите во Грчка, ќе јадете морска храна) и прифатливи цени. Првата улица над кејот е Tsimiski и таму има еден куп продавници. Да напоменам дека ако отиде на шопинг (и имате малце повеќе време), препорачувам да шетате низ центар наместо по Космос и компанија - продавниците во центарот се ~20% поевтини - на пример, патики што ги гледав во Космос за 80 евра во скејт шоп во центарот ги најдов за 60.
Особено убаво место е и Navarinou (се изговара Наварину) плоштадот. Таму има еден куп мали интересни продавничиња и едно место што прави Кипарско гиро. Наварину е едно од моите омилени места во Солун. Не знам дали уште работи, али Silver Dollar е одличен рок бар во Солун, али тоа само навечер, нели.
Бесплатен паркинг нема да најдеш. Имаш опција да одиш во автоматскиот паркинг (што е стварно кул, али е прилично скап) или да бараш место на некој од платените паркинзи. Еве
линк од местото каде што јас паркирам кога одам. Прифатлива цена (не ми текнува сега колку точно) и на одлична локација.